Ако нè следиш редовно, знаеш дека доделувањето на награди по нашите наградни игри е секогаш проследено со забава и убава дружба, но за жал, овој пат моравме да го направиме доделувањето во специјални услови.
Read MoreCategory: Наградни игри и апликации
Веб и FB апликации организирани од Grouper

Ова се најдобри ресторани од #СкопјеГурман2019
Дечки на нашата омилена кампања и дојде крајот, но вкусните зделки од повеќе од 60 ресторани сеуште ни се во срцето. Одбраните ресторани успеаа да ни приредат незаборавно гурманско уживање, врвна услуга и секако насмевки на лицата.
Откривме нови места, нови вкусови, имавме шанса да дегустираме и благо и солено, и што е уште поинтересно, да гласаме за нашиот омилен ресторан и да ги избереме најдобрите скопски локали во различни категории.
Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, паста или десертче мх мх…

Ова се 10те VIP Гурмани #СкопјеГурман
Драги гурмани, официјално и дојде крајот на нашата омилена кампања #СкопјеГурман. Успеавме да го претвориме јуни во месец на храната, продадовме рекодрни 20 000 купони и дегустиравме повеќе од 70 зделки. Пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и вафли, сладолед, палачинки, крофни за сите љубители на благичко.
Паа, дечкии ајде заедно да “ја ставиме јаготката на шлагот”. Ова се 10те најгурмани кои успеаа да дегустираат повеќе од 40 ресторани и кои си добија подароци.

Како да станеш VIP Гурман и да освоиш патување? #СкопјеГурман
За нашата најголема кампања Скопје Гурман да биде уште повозбудлива спремивме и подароци за вас, луѓето за кои постоиме, нашите корисници!
Како да станеш VIP Гурман?
За да влезеш во натпреварот условот е да имаш купено минимум 5 различни зделки платени со Mastercard картичка! Купувај што повеќе зделки од храна и стани си наш Групер VIP Гурман!

#СкопјеГурман ти ќе бидеш – 5-та година по ред!
ДОАЃА СКОПЈЕ ГУРМАН! Со нетрпение ја очекуваме и секој ден се повеќе зборуваме за неа бидејќи оваа година е посебна. Оваа година славиме ЈУБИЛЕЈНА 5-та ГОДИНА!
5-та година од единствената, долгоочекувана, најголема и највкусна кампања посветена на храната и на сите најголеми гурмани. 5-та година со најдобри специјалитети за сечиј вкус, најдобар избор, најголемо гурманско мени и тоа по непобедливи цени!
Месец јуни го претвараме во месец на храната, месец во кој ќе откриете нови места и нови вкусови или ќе го јадете омилениот специјалитет во градот на попуст!
СТАРТ: 5 јуни
Значи дечки, следи месец во кој готвењето дома го ставаме на ПАУЗА и одиме во преку 70 ресторани во градот да дегустираме, да пробуваме разновидна домашна и интернационална кујна со најдобри попусти!

Кампања посветена за сите авантуристи ⛰️ Outdoor shop & Activities
Дечки сигурна сум дека сите се сложувате дека месец мај е еден од најубавите месеци во годината. Најпрво од сѐ, е што доаѓа сонцето и не си оди сѐ до октомври. Во месец мај цветаат сите цвеќиња, сите паркови се разубавуваат, стануваат неодоливи за гледање, за шетање, возење велосипеди, за дружење и „главење” до зори… Eдноставно животот станува поубав.
Затоа, заради будењето на авантуристичките желби, заради страста кон вежбањето и рекреацијата, заради сите верни спортисти и неуморни вежбачи во соработка со Mastercard ви спремивме специјална Outdoor shop & Activities кампања со најдобри попусти и најдобри цени, а што е уште поинтересно слатки Grouper подароци!
СТАРТ: 08.05.2019
Значи, во вторник на полноќ сите на Grouper!

Гласајте за нас ❤️
Секоја година ви покажуваме и докажуваме дека сакаме да напредуваме, дека секоја година ни е нов предизвик, а она што не води да одиме напред со голема желба и ентузијазам се секако нашите соработници и корисници. Наша цел е вашето задоволство и насмеани лица 🙂

Black Friday [23.11.2018] – Возможна Мисија
„Секогаш изгледа невозможно додека не е направено“.
Ние во Grouper сакаме да веруваме дека не постојат невозможни мисии. ДА, возможен е попуст до 90% и преку 1.000 зделки. ДА, возможни се над 140.000 дневни посети на сајт, над 27.000 продадени купони за една недела и возможно е овие бројки да бидат надминати затоа што ние веруваме во нашите соработници, веруваме во сите вас и во чудото наречено Black Friday. Read More

ТЕТЕКС ПРЕДИЗВИК: Сподели фотографија и освој подароци!
Повторно на Grouper, зделката што ја обожавате, зделката која досега има продадено над 10.000 купони, зделката на која никој не успеал да одолее, зделката за највкусните ќебапчиња и бургери во градот, зделката во ТЕТЕКС!
Ја обожаваме и ние оваа Bestseller зделка која руши рекорди и за овојпат да биде уште поинтересно решивме да им подариме јаки подароци на дел од вас кои секогаш традиционално уживаат во овие превкусни специјалитети! Како ќе го направиме тоа? Преку ФОТО НАТПРЕВАР! Да се јаде бургер или ќебап прашање е сега!

ПОБЕДНИЦИ #СкопјеГурман! Најдобри ресторани 2018та!
Дечки, заврши и најголемата и највкусната Недела на храна #СкопјеГурман! Цел месец заедно откривавме нови места во градот и пробувавме нови вкусови и цел месец ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен!
Крајот на #СкопјеГурман го обележуваме со рекорден број на продадени купони, донирани 15.000 ден. во Банка за Храна, 900 изедени сладоледи и многу дегустаторски авантури.
Одбраните 70 ресторани испорачаа врвна услуга и секако – квалитетна храна и ни приредија вистински гурмански искуства! Дополнително, за да ги предизвикаме да бидат уште подобри, повторно и оваа година го поттикнавме натпреварувачкиот дух меѓу растораните со трката за Титулата Најдобар ресторан во својата категорија!