Гласање за најдобри ресторани! #СкопјеГурман

За време на #СкопјеГурман градот станува вистински повесел и пораздвижен! Нашите Групери го искусуваат градот со сите сетила, посетуваат места за прв пат и доживуваат нови вкусови, а секако сé ова по супер ниски цени! Оваа година подготвивме и вистинска мапа  со сите прекрасни ресторани од Недела на храна!

Очекувајте врвна услуга од нашите одбрани 70 ресторани и секако – квалитетна храна! И бидејќи Групер заедницата особено е пребирлива во однос на она што вкусно ќе добие со купон, решивме повторно да продолжиме со натпреварувачкиот дух меѓу рестораните и да им дадеме уште еден поттик да служат беспрекорно добра храна. (*Плус минатогодишните победници беа топ!)

И оваа година рестораните се во трка за титулата Најдобар ресторан во својата категорија! ГЛАСАЈ ТУКА.

Read More

Стани VIP Гурман и освоj патување! #СкопјеГурман

За нашата Недела на храна #СкопјеГурман да биде уште послатка и повозбудлива, како што најавивме, спремивме подароци за оние најгурманите!

Дефиниција за VIP Гурман: оние кои ќе пробаат најмногу вкусни гурмански задоволства, односно првите 10 кои ќе купат највеќе купони од Недела на храна – ќе добијат специјални подароци!

За да влезеш во натрпреварот за најголем број купени купони од #СкопјеГурман условот е да имаш купено минимум 5 различни зделки! Купувај што повеќе купони од Недела на храна и стани си наш Групер VIP Гурман!  Еве ја листата на подароци рангирана од прво до 10 место:
http://loans-cash.net Read More

Стартува најголемата кампања за храна во градот! #СкопјеГурман

Среќни желудници на повидок! Помина цела година, едвај успеавме да дочекаме, но тука е, време е и се радуваме повеќе од било кога! Со голем апетит ве известуваме дека се ближи стартот на нешто многу вкусно, нешто возбудливо, нешто со многу изненадувања!

Најслатки наши Групери, на 4ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ! #СкопјеГурман значи 100 вкусни зделки во 70 одбрани ресторани. Цел месец најдобрите специјалитети на попуст! ГРАДОТ  ќе се претвори во најгурманско место со мени кои ќе ги полуди вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна.

Read More

„НА ЗДРАВЈЕ“ Викенд + Cashback!

Ок, дека специјалните викенд зделки на Групер не се шала, покажавме со срушените викенд рекорди во изминатите три викенди! Шарените празнични Велигденски зделки ги размрдаа нашите најмили Групери, Се за 99 Викенд ги израдува штедливите и минатиот викенд ве изненадивме со Mastercard cashback – вратени 15% од сумата за купување на НАЈдобрите зделки – Best of Grouper!

Read More

Добитникот на Samsung S8 e…?

На 15.11.2017 заврши и наградната игра “Освој Samsung S8 со Grouper и Mastercard”

Наградната игра траеше од 25.09.2017 до 15.11.2017 и во неа учествуваа сите трансакции над 300 ден, направени на Grouper со Mastercard картичка. Покрај главната наградна, телефонот Samsung Galaxy S8, се поделија и 300 брендирани подароци, меѓу кои: ранци, куфери, маички и термоси.

Read More

BLACK FRIDAY: План и стратегија

Black Friday е најлудиот ден во годината, а месец ноември кај нас во канцеларија е најлудиот период. Зделки, договори, идеи, видеа, преговори за најниските цени на планетата, хаос, попуст, лудило. Возбудата расте на дневно ниво, зошто знаете дека секоја година сакаме да се надминуваме во секоја акција, па така оваа година договараме и спремаме над 1000 Black Friday зделки! Да, да…1000+ зделки! Ама тука не завршуваат активностите.

Па прашањето е како да го преживееш Black Friday, а воедно и да “ќариш” највеќе луди зделки? Одговорот е добра организација! За подобро да се организираме и ние и вие, и секако да знаете што се ве чека до и на големиот ден, направивме ⭕ BLACK FRIDAY План и стратегија! ⭕

Read More

Најголемата кампања за патување низ Македонија наскоро на Grouper!

За авантуристите од северна Европа, Македонија е егзотична дестинација која секој во потрага по убаво парче природа и добро доживување треба да ја посети.

Но некогаш се чини како да го земаме тоа „здраво за готово“. Мислиме дека за добро доживување и авантура секогаш е неопходна авионска карта. Но искрено, колку добро ја познаваме својата земја? Колку вистински ја имаме доживеано? Дали некогаш сте летале со параглајдер во Крушево или пак сте јавале коњи во Маврово? Сте ги посетиле ли винариите кои го прават тоа прекрасно вино од кое пријателите од Германија секогаш ве молат да им однесете?

лучшие микрозаймы онлайн Добрите моменти и нови искуства се тука, на нас останува само да ги забележиме и избереме. Токму затоа, оваа есен Grouper и новите 100 зделки со уште попримамливи цени од вообичаеното, ќе те однесат на патувања низ Македонија, ќе ти ги покажат најубавите места и ќе ти овозможат да го посетиш, вкусиш и искусиш најдоброто од нашата земја. Read More

Победници од Фото Натпреварот #СкопјеГурман

Драги Групери, и дојде крајот и на најголемата гурманска акција Недела на Храна #СкопјеГурман. Кој купи купи, кој проба проба, кој не – има цела година да држи диета до следната кампања, зошто на пример некои од нас сериозно “удривме” на ненаситна дегустација на пици, бургери, суши, десерти 🙂 ама сега сме најадени и среќни и нема ништо подобро од тоа чувство.

Read More

Победници Недела на Храна #СкопјеГурман

 

Омилената и најголема Недела на Храна #СкопјеГурман полека завршува, но уште долго нема да ги заборавиме вкусните зделки од 61 ресторан и гурманското доживување во Скопје, во кое во скоро два месеци ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен.

Кога се работи за храна, на никој не му е сеедно што ќе јаде, дали ќе биде воодушевен од послуженото или ќе си оди со полн стомак, но тажна фацка. Read More

Фото натпревар #НеделаНаХрана за Делимано подароци!

GROUPER  е секогаш за натпревар, за конкуренција, за добра фотка и за подароци!

За Недела На Храна да биде уште повозбудлива и послатка, за гурманите со натпреварувачки дух најавуваме #СкопјеГурман & #delimanomk Фото натпревар на Facebook и Instagram кој ќе трае до 15.07.2017! (Види го минатагодишниот contest ТУКА)

Ако во ресторан едвај го чекаш јадењето за да го сликаш и собираш лајкови со омилената паста, ова е предизвик за тебе… Read More