Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, го прославивме третиот роденден. Уште поголемо задоволство ни беше што непосредно пред роденденот Групер беше одбран за Најдобар сајт за е-трговија во РМ за 2013 год. Традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.
Category: Родендени
Големите роденденски прослави на Grouper

2ра Роденденска прослава на Групер
Над 1000 гости во “Ragusa”, одлична музика, многу подароци и добра забава го одбележаа нашиот втор роденден. Слично како и првиот роденден а сепак со различен концепт доделивме овој пат над 200 подароци за гостите. Роденденската Групер зделка овој пат беше грепка со која за 30 ден. корисниците добиваа пијалок и плус можност да изгребат една од над 200те награди.
Како поминавме во кратки црти на видеото подолу.

Првиот роденден на Групер
На 21 Јануари 2011 година го прославивме првиот роденден од постоењето на првиот Македонски сајт за групни попусти Grouper. По тој повод одлучивме да направиме голема роденденска забава каде ќе ги поканиме сите наши корисници и соработници за заедно да го прославиме минатогодишниот успех кој секако заедно со Вас го постигнавме.