Доделени наградите за наградната игра #ОдбериОнлајн!

Ако нè следиш редовно, знаеш дека доделувањето на награди по нашите наградни игри е секогаш проследено со забава и убава дружба, но за жал, овој пат моравме да го направиме доделувањето во специјални услови.

Read More

Вашата поддршка ни е најважна! Гласајте за нас!

Се наближуваме до 10 години постоење, крај на година, ја ситниме чуднава 2020та и правиме една ревизија на што сме направиле, што се случило, мислиме на следната година…

Оваа година не беше лесна. За сите. Прво поради тоа што ни беше директно загрозено здравјето, а второ начинот на работење, комуникација, живеење. Изолација, неизвесност, промени. Иако сите мислат дека на онлајн компаниите им беше лесно и дека дури имаа прогрес, можам да ви потврдам дека не беше баш така.

Read More

Остани здрав – Кампања за попусти на здравствени прегледи

Оваа година повеќе од било кога важно е да се грижиме за нашето здравје. Често забораваме која е важноста на грижата за себе. Не за џабе велат здравјето пред сé, сé останато ќе си дојде.

За време на пандемијата со COVID-19 навистина бевме ограничени да посетиме специјалист и многу од нас ги одложија потребните прегледи. Секојдневниот стрес, грижата за нас и нашите сакани, изминатите изолации се фактори кои и те како влијаат на нашето физичко и психичко здравје. Затоа, грижата за себе направете ја приоритет!

Read More

#ДестинацијаМакедонија: 6-та година по ред Grouper ве води на патување низ Македонија

Пред неколку месеци кој би помислил дека ова лето ќе го поминеме дома. Обично кога и да дојде лето сите се спремаме за долго очекуваниот одмор, бираме дестинации, бираме нова летна облека, денови и денови поминуваме во потрага по совршена дестинација…

Но најчесто “не се свртуваме позади аголот” и не размислуваме дека всушност се што ние сакаме и бараме од еден одмор ни е на дофат.

Read More

Традицијата продолжува – 3ти Online Саем за мебел само на Grouper

Дали е рана или доцна пролет не е важно. Она што е важно е дека сега можете да ги добиете најдобрите попусти и да го уредите домот онака како што одамна замислувавте. Единствениот Oнлајн Саем за Мебел е на самиот праг, се “крчкаат” зделки од омилените брендови, а вашата “обврска” е САМО да бидете на Grouper 🙂

Read More

Развесели кафана – Grouper и Пивара Скопје во поддршка на рестораните!

Во ова чудно и неизвесно време секој од нас размислува за работите кои му значат, што е она што му недостига и што прво ќе направи кога ќе заврши целава ситуација со пандемијата.

Дефинитивно она што ни значи на сите, се нашите блиски луѓе, човечкиот контакт, споделените насмевки и прегратки и заедничките искуства за кои вреди да се живее.

Read More

Kids Week – недела посветена на најмилите + донации

Дечкии кое е првото нешто на кое ви текнува кога помислувате на вашето детство?
Овој период, почеток на септември, секогаш ме потсеќа на старт на школо…прибори, книги, па виткање книги во хартија, па дали ќе имам нови патики за прв ден, ранецот дали се скинал или ми треба нов и секако дружби и лудории со сите што не сме се виделе цело лето. Па после мемориите ме носат на детство, на игри на улица, народна, граница, школка, ластик, па игри по дома со барбики, коцки, карање со сестра/брат што е мое-твое, не лути се човече (секогаш се лутев), монопол и кој ќе биде банкар 🙂

Read More

ТОП 5 #СкопјеГурман предлози од Кика Авеиро!

Сакам да експериментирам, да пробувам нови работи, секогаш кога патувам сакам да ја пробам локалната кујна. Моментално сум на патување низ Америка и секако си го применувам правилото.

За жал овој пат фатив само еден ден од #СкопјеГурман, ама го искористив максимално #СкопјеГурман е супер прилика да пробате нешто ново а да на потрошите многу пари. Соберете друштво, дечко девојка, брат сестра, фамилија и посетете ресторан или место каде што не сте биле до сега, пробајте нешто ново.
Мои препораки што да пробате се следите:

Read More