Нашиот тим е голем љубител на новогодишните и божиќните празници! Уживаме во подготовката на празничните зделки за патувања, за празнични колачиња, за искуства и подароци. Уживаме во празничните дружби, изненадувања и подарувања. Така, оваа година за нашиот зимски тим билдинг го посетивме прекрасниот Божиќен базар во Нинберг, Германија. Апсорбиравме празнична енергија, многу греено вино и ги наполнивме батериите! Спремни сме да бидеме Вашите вредни џуџиња со зелени капчиња кои ќе ви пренесат позитивна енергија и идеи за подарување :). Read More
Category: Grouper настани
Сите организирани настани од страна на Grouper: рондендени, акции, мали настани и сл.

Black Friday! Кралот на попустите!
Овој петок на 27.11.2015 е најголемиот шопинг празник – BLACK FRIDAY! Може да се каже дека по минатата успешна Black Friday акција која ја изведовме на Grouper, овој ден е нашиот патронат. Ја делиме истата идеја и царуваме заедно со непобедливите попусти. Нашето мото е “Попуст на попустот”, а нашата премиса – “Кралот на попустите”. Read More

4тата роденденска Grouper приказна
Како што повеќето од вас знаете и сте забележале, покрај тоа што напорно работиме, сакаме да славиме и да се веселиме, секако уште повеќе кога има убав повод. Затоа традиционално секој Јануари, 4 години по ред го прославуваме роденденот со отворени забави на кои уживме во Вашето огромно присуство, од Вас корисниците и соработниците.

Grouper Недела на храна
По речиси 4 годишно постоење нашата политика за објава на зделки, ако сте забележале, е секогаш да понудиме разновидност. Односно во текот на една недела се трудиме да понудиме најразлични зделки во различни категории. Така на пример зделките на храна и пијалок се присутни со 1 зделка неделно најчесто. По еден гладен “brainstorming” на нашиот тим, дојдовме до идеја да направиме нешто поразлично – да ви понудиме храна и само храна оваа недела. Заборавете на готвење оваа недела и препуштете се на Grouper гастрономските искуства за сечиј вкус. Ви откриваме дел од зделките:

Групко во поход: “Mystery Shopping”
Често добиваме прашања од пријатели за тоа дали ги користиме зделките што ги продаваме. Одговорот е секако потврден, особено уживаме кога правиме mystery shopping на компаниите со кои соработуваме за квалитетот на услугата која ја даваат, односот на персоналот на соработниците и сл. Покрај тоа секако и нашиот тим истражува нови локали на попусти кои ги овозможуваме за сите наши корисници. Read More

Групко, поддржувач на Скопски Маратон 2014
Групко како и секогаш се труди да биде дел од големите случувања, особено кога се работи за поддршка и хуманост. Па така напорно се спремаше да издржи за да ги бодри маратонците на старт со кренати раце 🙂

Во името на празникот на љубовта и виното!
Во име на празникот на љубовта и виното Св. Валентин и Св. Трифун.. Овојпат со Групко споделивме љубов во строгиот центар 🙂

Третата голема роденденска Групер прослава
Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, го прославивме третиот роденден. Уште поголемо задоволство ни беше што непосредно пред роденденот Групер беше одбран за Најдобар сајт за е-трговија во РМ за 2013 год. Традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.

Хуманитарен настан: Групер среќно тркало
Во рамките на хуманитарниот настан кој се одржа во скопскиот Луна Парк на 19.05.2013 година по повод “Меѓународниот ден на семејството” Grouper, како еден од спонзорите на своите корисници им даде шанса да вртат на “Grouper Среќното тркало”. За уште еднаш да потврдиме дека со нас корисниците само добиваат, сите полиња на “Grouper среќното тркало” беа добитни 🙂

Грижа за корисници: Перничиња за патниците
Мало изненадување за сите корисници кои купија купони за зделката за Дракула тура за Романија организирана од ТА Јупитер (120 продадени купони). Ги испративме и им посакавме добар пат со мал подарок од нас. Еден начин со кој сакаме да покажеме дека ги сакаме нашите корисници и се грижиме за нив. Ви благодариме на довербата