2ра Роденденска прослава на Групер

nagrada-rodenden-auroraНад 1000 гости во “Ragusa”, одлична музика, многу подароци и добра забава го одбележаа нашиот втор роденден. Слично како и првиот роденден а сепак со различен концепт доделивме овој пат над 200 подароци за гостите. Роденденската Групер зделка овој пат беше грепка со која за 30 ден. корисниците добиваа пијалок и плус можност да изгребат една од над 200те награди.

Како поминавме во кратки црти на видеото подолу.

Read More

Групер ја наполни салата во Драмски Театар

Во февруари 2012 година добивме повик од Драмскиот театар за да не информираат дека бидејќи се задоволни од сорабтоката сакаат да ни одобрат 330 карти (односно цела сала) да ги продадеме на попуст. Ни беше голем предизвик и го сметавме за еден вид на тест. За неполни 2 дека беа продадени 330 карти, а нашиот тим по тој повод организираше мало изненадување за сите корисници кои присуствуваа на претставата со цел да им се заблагодариме за довербата која ни ја даваат. Чувството да се седи на престава во сала полна со Grouper корисници беше прекрасно.

Линк до сите фотографии

kolacinja-grouper

Првиот роденден на Групер

На 21 Јануари 2011 година го прославивме првиот роденден од постоењето на првиот Македонски сајт за групни попусти Grouper. По тој повод одлучивме да направиме голема роденденска забава каде ќе ги поканиме сите наши корисници и соработници за заедно да го прославиме минатогодишниот успех кој секако заедно со Вас го постигнавме.

Read More

Оторањето на првиот Македонски сајт за групни попусти

По напорна 5 месечна работа на 21 Јануари на Плоштадот на град Скопје беше отворен првиот веб сајт за групни попусти. Отварањето го планиравме и организиравме речиси еден месец, балон на топол воздух требаше да се крене на Градскиот плоштад за да го означи отворањето на нешто ново и големо, односно лансирањето на првиот веб сајт за групни попусти кај нас во Македонија. Музика, бенд, 400тини гости, пријатели, случајни минувачи и температура од минус 5 степени и снег 🙂 По многу обиди на ветрот и снегот балонот успеа да се крене колку што можеше.

Read More