Рано наутро е. Сé уште е тишина, јануарско утро, зимски ден. Сличен како оној зимски ден кога се роди Grouper на Градскиот плоштад во Скопје пред 9 години. ПРЕД 9 ГОДИНИ! Тогаш и не беше така тивко. Гласна беше возбудата за нашата нова приказна, гласен беше ентузијазмот за новите почетоци на нешто поинакво на нашиот пазар. Балони со топол воздух, снег, изненадени лица, стотици топли чоколада купени на попуст и започнавме!
Read MoreCategory: Grouper настани
Сите организирани настани од страна на Grouper: рондендени, акции, мали настани и сл.

Дестинација дома – Кампања “Дестинација Македонија”
Дестинација спомени.
Дестинација љубов.
Дестинација дома.
Дестинација Македонија. ♥️

Kids Week – недела посветена на најмилите + донации
Дечкии кое е првото нешто на кое ви текнува кога помислувате на вашето детство?
Овој период, почеток на септември, секогаш ме потсеќа на старт на школо…прибори, книги, па виткање книги во хартија, па дали ќе имам нови патики за прв ден, ранецот дали се скинал или ми треба нов и секако дружби и лудории со сите што не сме се виделе цело лето. Па после мемориите ме носат на детство, на игри на улица, народна, граница, школка, ластик, па игри по дома со барбики, коцки, карање со сестра/брат што е мое-твое, не лути се човече (секогаш се лутев), монопол и кој ќе биде банкар 🙂

Ова се најдобри ресторани од #СкопјеГурман2019
Дечки на нашата омилена кампања и дојде крајот, но вкусните зделки од повеќе од 60 ресторани сеуште ни се во срцето. Одбраните ресторани успеаа да ни приредат незаборавно гурманско уживање, врвна услуга и секако насмевки на лицата.
Откривме нови места, нови вкусови, имавме шанса да дегустираме и благо и солено, и што е уште поинтересно, да гласаме за нашиот омилен ресторан и да ги избереме најдобрите скопски локали во различни категории.
Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, паста или десертче мх мх…

Топ 5 причини зошто годинава е посебен Late Night Shopping-от во Skopje City Mall
Дечки, се ближи еден поинаков викенд – 3 дена исполнети со забава, луди попусти и шопинг до полноќ! Овој петок започнува најголемиот настан на Skopje City Mall, возбудливиот Late Night Shopping, каде ќе имате можност да купувате по ниски цени, од мнооогу брендови и да се забавувате со различни активности за време на целиот викенд.
А, она што е најважно е дека оваа година, ќе може да добиете уште поголеми попусти само со Grouper. Доживејте ја најголемата летна shopping несоница во градот со Grouper и City Mall!

ТОП 5 #СкопјеГурман предлози од Кика Авеиро!
Сакам да експериментирам, да пробувам нови работи, секогаш кога патувам сакам да ја пробам локалната кујна. Моментално сум на патување низ Америка и секако си го применувам правилото.
За жал овој пат фатив само еден ден од #СкопјеГурман, ама го искористив максимално #СкопјеГурман е супер прилика да пробате нешто ново а да на потрошите многу пари. Соберете друштво, дечко девојка, брат сестра, фамилија и посетете ресторан или место каде што не сте биле до сега, пробајте нешто ново.
Мои препораки што да пробате се следите:

1.000.000 ПРОДАДЕНИ GROUPER КУПОНИ!
Нашата приказна започна во Јануари 2011 година. Пасијата да ја смениме е-трговијата и навиките за онлајн купување беа нашата главна водилка. Првиот македонски сајт за групни попусти понуди атрактивни попусти и непобедливи зделки кои до тогаш не беа понудени на нашиот пазар—тоа беше главниот поттик за илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција на Grouper! Но попустите немаше да бидат возможни ако не беше отвореноста на нашите партнери кои ни ја дадоа довербата да ги промовираме нивните услуги, производи, патувања. Стотици компании ја остварија својата прва онлајн продажба преку Grouper!

Топ 5 team building предизвици за силен тим!
Развивањето на чувство на единство во еден тим или меѓу тимови во една компанија е одличен начин да се зголеми продуктивноста. А реално еден од најдобрите начини да се постигне и развие ова чувство е преку различни тимски активности и предизвици. Тимот што добро функционира заедно, е секако попродуктивен, поуспешен и посилен. Дополнителен бенефит од ова е и зголеменото чувството на среќа на работното место. Плус, докажано е дека креирањето на здрава врска и комуникација меѓу членовите на тимот допринесува до она добро чуство на “достигнување”. Read More

Како да станеш VIP Гурман и да освоиш патување? #СкопјеГурман
За нашата најголема кампања Скопје Гурман да биде уште повозбудлива спремивме и подароци за вас, луѓето за кои постоиме, нашите корисници!
Како да станеш VIP Гурман?
За да влезеш во натпреварот условот е да имаш купено минимум 5 различни зделки платени со Mastercard картичка! Купувај што повеќе зделки од храна и стани си наш Групер VIP Гурман!

Храна за сите! Донирај со Mastercard & Grouper #СкопјеГурман
Започна Скопје Гурман – најголемата гурманска акција за храна во градот, со голем број вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Tоа значи дека започна најгурманскиот период во годината кога Скопје се претвора во најгурманското место со вашите омилени специјалитети на попуст. А, уште подобро е што со секоја купена зделка, заедно со Mastercard вие донирате за да има „Храна за сите”!