Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕА (во време на пандемија)

Знаеме веќе дека оваа година е поинаква. За прв пат ќе ги дочекаме Новогодишните празници во вакви околности. Како ќе биде не знаеме, само знаеме дека ќе е ново искуство, а уште повеќе знаеме дека сега највеќе од било кога е потребно да останеме блиски со оние кои ни значат и да го искористиме секој момент, повод и начин да си подариме меѓусебно внимание, љубов, грижа, поддршка.

Read More

Крафт Арт – онлајн базар на рачни изработки

Декември, топол дом, подароци, празнична атмосфера… Ова се зборовите кои го опишуваат овој период кога сите почнуваме да се подготвуваме за новогодишните празници.

Овој месец не мотивираше да направиме нешто поинакво на Grouper, нешто кое ќе биде интересно за корисниците, но и корисно за малите бизниси.

Read More

Шопинг за паметење: Mastercard бонус на сè од Grouper Shopping Mall

Нашиот тим е секогаш расположен за нови изненадувањa, овој пат решивме да ви подготвиме – Бонус за секое купување со Mastercard од Grouper Shopping Mall!

Каде?
На Grouper Shopping Mall, онлајн без гужви со неограничено време за разгледување и неограничен број на производи.

Кога?
Од 08.10-14.10.2020. Есента ни дојде, знаеме како е кога едноставно не ви се излага од под ќебе, затоа овој период ви спремивме можност за шопинг од дома на се што ви е потребно со достава до вашата адреса!

Read More

Остани здрав – Кампања за попусти на здравствени прегледи

Оваа година повеќе од било кога важно е да се грижиме за нашето здравје. Често забораваме која е важноста на грижата за себе. Не за џабе велат здравјето пред сé, сé останато ќе си дојде.

За време на пандемијата со COVID-19 навистина бевме ограничени да посетиме специјалист и многу од нас ги одложија потребните прегледи. Секојдневниот стрес, грижата за нас и нашите сакани, изминатите изолации се фактори кои и те како влијаат на нашето физичко и психичко здравје. Затоа, грижата за себе направете ја приоритет!

Read More

Што се може да направите за 11€?

Отсекогаш сум сакала да патувам. Желбата да залуташ некаде и да откриеш некое мало место кое ќе биде само твое е непроценлива.
Бескрајно многу дестинации за посета и секогаш недоволно средства за реализација.

Па си велам, кога да патувам ако не сега?! Деновите се подолги, облеката е полесна. Со едно мало ранче на грб, добро друштво и на авантурите им нема крај.

Но каде да патувам со малку пари? Прво проверувам на Grouper.
Најактуелните места и најдобрите попусти се тука.
Проверете што спремивме за вас!

Read More

#ДестинацијаМакедонија: 6-та година по ред Grouper ве води на патување низ Македонија

Пред неколку месеци кој би помислил дека ова лето ќе го поминеме дома. Обично кога и да дојде лето сите се спремаме за долго очекуваниот одмор, бираме дестинации, бираме нова летна облека, денови и денови поминуваме во потрага по совршена дестинација…

Но најчесто “не се свртуваме позади аголот” и не размислуваме дека всушност се што ние сакаме и бараме од еден одмор ни е на дофат.

Read More

Традицијата продолжува – 3ти Online Саем за мебел само на Grouper

Дали е рана или доцна пролет не е важно. Она што е важно е дека сега можете да ги добиете најдобрите попусти и да го уредите домот онака како што одамна замислувавте. Единствениот Oнлајн Саем за Мебел е на самиот праг, се “крчкаат” зделки од омилените брендови, а вашата “обврска” е САМО да бидете на Grouper 🙂

Read More

Што е ново на Grouper?

Ова е пост за сите кој ќе ве интересира сите: и тие што веќе нé следите, а и сите вас останати за кои Grouper е нов пријател 🙂 Сакаме да ви ги претставиме сите новости на кои работевме во изминатиов период, искуствата од кои научивме изминативе 9 години постоење, новости кои сметаме дека ќе ги задоволат сите ваши потреби во делот на е-трговија, независно дали сте корисник или компанија.

Read More

Што да правите по дома?

Ова може да биде време во кое ќе ја разбудите својата креативност и едноставно ќе се научите како да уживате по дома.

Јас работам веб администрација и корисничка поддршка па работата од дома не ми менува многу, пак си работам на лаптоп 🙂 но ми фалат колешките и дружењето на работа особено дискусиите околу 12 часот за што ќе нарачаме за ручек.

Read More

Како се натерав да вежбам од дома?

Искрено, никогаш не сум била спортски тип, што значи дека секогаш сум имала одбивност кон вежбање, па секако сум се мотивирала себеси да вежбам само поради здравствен бенефит. Порано кога одев на вежбање после работа, цел ден го мислев терминот, како ќе ми биде тешко, дали сум јадела соодветно, дали ќе бидам преморена после тоа и многу други слични мисли ми се вртеа низ глава. Највеќе од сé секако го мразев моментот кога некој ќе ме викне на кафе, театар, дружба или седенка и ќе морав да одбијам зошто сум на вежбање 🙁 Вежбањето го гледав како обврска, а не како избор, незнаејќи дека тоа ќе се смени комплетно преку ноќ.

Read More