Нашиот тимски дух, желба за дружење и креативни активности се секогаш на ниво, а денес по повод Велигден споделуваме со вас една идеја која можете да си ја направите со друштво, по дома или со колегите на работа (како ние). Ние супер се забавувавме и плус сега си го имаме цел Grouper тим на јајца да ни ги чува канцелариите за празниците.
Category: Како да…
Како да купите купон, како да испечатите купон, како да подарите gift картичка и се останато што можеби не ви е јасно.

НОВИТЕТИ за БЕСПЛАТНА ДОСТАВА
Неделата на бесплатна достава помина одлично! Оваа акција повторно не зближи со многу корисници низ цела Македонија, а им го олесни купувањето и на оние од Скопје. Знаете дека секогаш гледаме, бараме, откриваме и ги слушаме вашите желби.
Секоја идеја, барање и порака не ставаат во акција, а од акција до реализација се вклучува целиот тим на Grouper вредни мравки кои во најскоро време ќе ја реализираат секоја вашата желба. Овој пат, таа желба е повторно бесплатната достава. Па со задоволство ве известуваме дека оваа акција продолжува и тоа со многу новитети.

Недела на бесплатна достава!
Кој нé следи знае дека бројот на производи на Grouper прогресивно расте. Без разлика дали се работи за кујнски додатоци, мали апарати, облека и модни додатоци, детски играчки па се до електроника и IT, ако проверувате прво на Grouper тогаш сте на прав пат. Знаете дека секогаш ги слушаме вашите совети и се водиме според вашите потреби, па во последниот временски период заедно со бројот на производи се зголемија и барањата за достава. Па така, покрај најдобрите цени на производите од сите категории, оваа недела ќе ве почастиме и со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Read More

31ви Октомври – Светски Ден на Штедењето
31ви Октомври е Светскиот Ден на Штедењето. Овој “празник” датира од 1924 година од првиот интернационален конгрес на штедните банки во Милано, Италија. Банкарски преставници од 29 земји сакале да покренат свесност и да ги поттикнат луѓето ширум светот да штедат (секако во нивните банки :))

НОВО! Го отвoраме Grouper Производи!
Знаете дека секојдневно работиме да го подобриме Grouper искуството. А ние знаеме дека сите се радуваат на попусти. Особено на попусти на производи. Grouper семејството расте, а со тоа расте и бројот на зделки за да ги задоволи сите желби на вас, драгите корисници, кои секојдневно внимателно ги слушаме и сакаме да ги исполниме. Покрај новиот изглед на сајтот (btw, пишете ни коментар како ви се допаѓа), достигнати 1.000 активни зделки на Grouper и продадени на 500.000 купони, непрекината работа и огромна мотивација, со задоволство ви го преставуваме новиот дел на Grouper, специјализиран за производи —-> Grouper Производи.

10 забавни факти од Месец на Убавина
Јули како прекрасен и најтопол месец ни помина. Третманите и разубавувањето беа “a must” пред појавување на плажа, па по тој повод го организиравме “Месецот на убавина”. Како што ветивме изминатиот месец го одбележија над 100 зделки за убавина, големи попусти и 4 викенд изненадувања, специјално одбрани за да бидете релаксирани, подновени, разубавени и среќни. Месецот на убавина помина со голем број на разубавени и релаксирани Групери. Некој се депилираше пред одмор, некој се шишна откако се врати и искористи третмани за хидратација на дехидрираната кожа од сонце. Секој си го најде својот “храм на убавина и релакс”!

Учествувај во наградната игра и освој патување!
Не само што Недела на храна нуди еден куп сочни зделки за сечиј вкус, дополнително, ваквото гурманско уживање ви дава можност да се вклучите во натпревар и да освоите едно од 10-те патувања за двајца. Еве како: Read More

Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”
Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” 🙂 Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено. Read More

10+ причини зошто да ја користите мобилната апликација
Во последнава година веќе над 30% од купувањата на Grouper се прават од мобилен. Овој прогрес секојдневно не мотивира да ја подобруваме и апдејтираме мобилната апликација со цел да ви го олесниме и подобриме шопинг искуството. Во старт, купување од мобилен има многу предности: купуваш од каде и да се, користиш купони без да печатиш, last minute подаруваш, резервираш патување, или праќаш купон на пријател за да ти го подигне производот што си го купил на попуст.
Ако сеуште не сте убедени дека купувањето од мобилната апликација ќе ви го олесни животот, тогаш погледнете ги следниве features кои се воедно и причини зошто да почнете секојдневно да ја користите мобилната апликација, а после тоа и да не можете без неа 🙂

Запознај ја Македонија како што ја знаат странците
Веруваме дека сте во тек со нашата прекрасна кампања “Доживеј ја Македонија” која има за цел да ги доближи до вас убавините на Македонија преку одличните зделки за различни дестинации по Grouper цени. Кампањата започна пред неполни 2 недели, а веќе имаме објавено над 40 зделки преку кои се продадени над 400 купони. Најголем број од доживувачите ги одбраа Берово, Крушево и Кочани, а адреналинските души одбраа да јаваат коњи на Галичник или да летаат со параглајдер од Скопска Црна Гора или Прилеп. Read More