Leather Shop Belev: Повеќе од 75 години традиција, сега и онлајн!

Од неодамна, дел од Grouper Shopping Mall стана и Leather Shop Belev од Охрид. По тој повод, направивме краток разговор со Елена Белева, која ни откри неколку интересни детали за овој уникатен бренд и бизнис!

Read More

TummyTox: „Целта ни е да станеме дел од секојдневието на секој кој внимава на своето здравје, убавина, форма и имунитет!“

TummyTox е онлајн продавница која од неодамна го најде своето место и во Grouper Shopping Mall. За приказната позади TummyTox, поразговаравме со креаторите.

Бојан Јанески и Петар Исиров се двајца дечки од Скопје, љубители на е-трговијата и здравиот начин на живот. Со предходно искуство во бизнис сферата како и конкретно во онлајн продажбата надвор од Македонија, се трудат на најбрз,  најуверлив, но и најтранспарентен начин да допрат до македонскиот потрошувач со уникатни производи кои се прилагодени за буџетот и потребите на купувачите.

Read More

Ѓоре Захарчев: „Животот е прекраток за да се пие лошо вино“

Семејна винарија Захарчев е мала бутик винарија која се наоѓа во Кавадарци. Винаријата е насочена кон производство на вино од сорти на гројзе кои се карактеристични за балканот и кои се речиси пред изумирање. Годишното производство на вино е околу 7000 шишиња и истите не можат да се купат во продавница или ресторан туку само со дирекна продажба од винаријата. Секое шише вино произведено во винаријата има своја приказна која треба да се раскажува.

Од неодамна, винаријата овозможи онлајн продажба и тоа преку нашата платформа Grouper Shopping Mall и по тој повод имавме краток разговор со Ѓоре Захарчев.

Read More

Росица Мршиќ: „Создадете стил од својата индивидуалност и посебност“

Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка и бренд со современ и софистициран стил. Нејзината естетика е препознатлива по смелиот, но и женствен потпис со прецизна изработка и опуштена изгладеност, што ја рефлектира нејзината визија за силни и самосвесни жени следбенички на иновативната и безвременска естетика.

Горди сме што за првпат, корисниците на Grouper ќе можат да направат брза и лесна онлајн нарачка на новите, ексклузивни дизајнерски марами со авторски принт. Марамите се во лимитирана серија и се достапни во онлајн продавницата во Grouper Shopping Mall. Во продолжение, мини-интервју со Росица како најава за лансирање на продажбата…

Read More