Груперска благодарност до сите вас!

Драги корисници, соработници и партнери! Сите вие сте дел од Grouper заедницата која заедно ја градиме, која расте и се развива со секоја една објавена зделка, со секој еден купен купон, со секое ново искусто, ново патување… од ден во ден, од година во година! Сите вас ве чувствуваме како наши пријатели со кои сакаме да споделиме убави моменти и радост. Радоста која ја споделуваме денес е поттикната од 2те награди кои ги добивме оваа година на изборот за сајт на годината. Read More

Празнични викенд зделки – “Подари повеќе, потроши помалку!”

Нашиот тим е голем љубител на новогодишните и божиќните празници! Уживаме во подготовката на празничните зделки за патувања, за празнични колачиња, за искуства и подароци. Уживаме во празничните дружбиизненадувања и подарувања. Така, оваа година за нашиот зимски тим билдинг го посетивме прекрасниот Божиќен базар во Нинберг, Германија. Апсорбиравме празнична енергија, многу греено вино и ги наполнивме батериите! Спремни сме да бидеме Вашите вредни џуџиња со зелени капчиња кои ќе ви пренесат позитивна енергија и идеи за подарување :). Read More

Black Friday загревање: Викенд акции со дополнителен попуст на попустот!

Има многу американски традиции/празници/трендови кои полека ги прифаќаме и славиме и кај нас. Некои повеќе некои помалку, важно е да се слави, кад је бал нек је маскембал – Haloween е еден пример (Ако си го имаме 1ви Април, нека има повеќе). Valentine’s Day е друг пример  и тука е вечната расправија дека наш празник е Св. Трифун (и уште една поддискусија за дали е Трипун или Трифун), ама ако нека се слави и вино и љубов на 14ти Февруари, па после пак и вера и надеж и љубов на 30ти Септември.

Read More

Запознај ја Македонија како што ја знаат странците

Веруваме дека сте во тек со нашата прекрасна кампања “Доживеј ја Македонија” која има за цел да ги доближи до вас убавините на Македонија преку одличните зделки за различни дестинации по Grouper цени. Кампањата започна пред неполни 2 недели, а веќе имаме објавено над 40 зделки преку кои се продадени над 400 купони. Најголем број од доживувачите ги одбраа Берово, Крушево и Кочани, а адреналинските души одбраа да јаваат коњи на Галичник или да летаат со параглајдер од Скопска Црна Гора или Прилеп. Read More

Доживеј ја Македонија со Grouper!

Сакате да патувате и истражувате нови места? Сакате да се чекирате на локации со идилични пејзажи? Да уживате во вкусна селска пита со сирење и кисело млеко? Или сакате да ја сликате питата и да ја споделите на Instagram? – Супер! Тогаш сигурно ќе ве интересира што имаме да ви кажеме… Read More

Наградна игра “Среќни Купони”

Среќа е многу често проучувана тема, ќе речете можеби е дури клише, ама не може да се оспори дека е главен мотив на постоењето – да бидеме среќни. Некој рекол дека среќа е кога она што го мислиш, кажуваш и правиш се во меѓусебна хармонија. Среќа е состојба на умот која се дефинира со позитивни емоции. Сепак, наместо да ја дефинираме среќата, ајде да ја поттикнеме. Нашиот тим размислуваше како се поттикнува среќа и дојдовме до некои заклучоци, меѓу кои:

Read More

Grouper ТОП најпродавани зделки за 2014

Топ 5 филмови за 2014, најдобрите 10 запросувања, 5 најслушани песни, најпребарувани зборови на Google, топ 15 моменти во 2014… Бидејќи овој период од  годината е резервиран за сумирање на сработеното, ние ги споделуваме Grouper ТОП најпродаваните зделки за 2014 со вас.

Read More

3 плакети ни ги красат канцелариите!

Вчера освоивме 3 награди на официјалното доделување на наградите за сајт на годината, а денес сакам да споделам СРЕЌА со сите Вас!

Втор пат по ред ја добивме наградата за најдобар сајт за е-трговија и огласи, за која искрено знаевме дека ја заслужуваме ама не верувавме дека втор пат по ред може да ја добие истиот сајт. За прв пат бевме победник во категоријата најдобар мобилен сајт, а го освоивме и второто место во категоријата најдобра Facebook страна.  Read More

Гласајте за нас!

Минатата година Grouper ја доби наградата за Најдобар сајт за Е-трговија, и тоа благодарение на сите Вас, нашите сакани корисници.
Ветивме дека уште понапорно ќе работиме, па како што е редот треба да ги покажеме резултатите за да го оправдаме и заслужиме Вашиот глас и оваа година 🙂

Еве кратка ретроспектива на 2014тата Grouper година: Read More

Нов изглед на купоните

Ако нѐ следите во последно време ќе забележите дека мултитаскингот ни е еден од омилените принципи на работа, па меѓу другите новини, дојде на ред  да се промени и подобри изгледот на купонот. Зошто е подобар новиот изглед? Погледнете го истиот во прилог.

Read More