La Noi Супермаркет – онлајн пазарење за целото семејство

Кога сите имаме една заедничка визија со заедничка иста цел: унапредување на онлајн купувањето, се креира нова заедничка приказна.

Со заеднички труд успеавме да го креираме La Noi онлајн супермаркетот на Grouper.mk, едно место за онлајн пазарење за целото семејство.

Read More

Златни зделки за 10 златни години!

Дали знаете дека златните медали кои се доделуваат на спортистите не се направени од злато? Тие се создадени со многу труд, желба, упорност и напорна работа. Токму така ги создаваме и нашите Златни Зделки!

Прочитај повеќе

Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕГО (Pandemic edition)

Влегуваме во сезоната на празници кои ќе ги празнуваме поинаку од досега. Глобалната пандемија го смени нашиот начин на живот. Мерките за заштита од вирусот не разделија како никогаш досега, па токму затоа овие празници имаме вистински предизвик: Да останеме сплотени и блиски и покрај физичката оддалеченост. Празничните подароци традиционално се симбол на внимание, љубов и грижа за нашите најблиски.

Read More

Вашата поддршка ни е најважна! Гласајте за нас!

Се наближуваме до 10 години постоење, крај на година, ја ситниме чуднава 2020та и правиме една ревизија на што сме направиле, што се случило, мислиме на следната година…

Оваа година не беше лесна. За сите. Прво поради тоа што ни беше директно загрозено здравјето, а второ начинот на работење, комуникација, живеење. Изолација, неизвесност, промени. Иако сите мислат дека на онлајн компаниите им беше лесно и дека дури имаа прогрес, можам да ви потврдам дека не беше баш така.

Read More

Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕА (во време на пандемија)

Знаеме веќе дека оваа година е поинаква. За прв пат ќе ги дочекаме Новогодишните празници во вакви околности. Како ќе биде не знаеме, само знаеме дека ќе е ново искуство, а уште повеќе знаеме дека сега највеќе од било кога е потребно да останеме блиски со оние кои ни значат и да го искористиме секој момент, повод и начин да си подариме меѓусебно внимание, љубов, грижа, поддршка.

Read More

Cashback со секое купување во Grouper Shopping Mall!

Ноември го започнуваме со одлични вести! Оваа недела, секое купување со твојата Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall од најмалку 500 денари ќе ти донесе CASHBACK – средства назад во твојата Grouper торбичка. Добиените поени можеш да ги искористиш неограничено за понатамошни купувања на Grouper.mk!

Акцијата трае од 02 до 08 Ноември и важи за сите продавници и производи од Grouper Shopping Mall! Бонусот кој ќе се врати во твојата Grouper торбичка ќе биде во зависност од висината на трансакцијата и тоа:

– За трансакција над 500 ден. добивате 100 ден. бонус
– За трансакција над 1500 ден. добивате 300 ден. бонус
– За трансакција над 3000 ден. добивате 600 ден. бонус

Побрзај и искористи ја оваа единствена можност да заработиш додека купуваш! Не заборавај дека онлајн продавниците во Grouper Shopping Mall веќе имаат тековни попусти на производите!

Остани здрав – Кампања за попусти на здравствени прегледи

Оваа година повеќе од било кога важно е да се грижиме за нашето здравје. Често забораваме која е важноста на грижата за себе. Не за џабе велат здравјето пред сé, сé останато ќе си дојде.

За време на пандемијата со COVID-19 навистина бевме ограничени да посетиме специјалист и многу од нас ги одложија потребните прегледи. Секојдневниот стрес, грижата за нас и нашите сакани, изминатите изолации се фактори кои и те како влијаат на нашето физичко и психичко здравје. Затоа, грижата за себе направете ја приоритет!

Read More

#ДестинацијаМакедонија: 6-та година по ред Grouper ве води на патување низ Македонија

Пред неколку месеци кој би помислил дека ова лето ќе го поминеме дома. Обично кога и да дојде лето сите се спремаме за долго очекуваниот одмор, бираме дестинации, бираме нова летна облека, денови и денови поминуваме во потрага по совршена дестинација…

Но најчесто “не се свртуваме позади аголот” и не размислуваме дека всушност се што ние сакаме и бараме од еден одмор ни е на дофат.

Read More

Традицијата продолжува – 3ти Online Саем за мебел само на Grouper

Дали е рана или доцна пролет не е важно. Она што е важно е дека сега можете да ги добиете најдобрите попусти и да го уредите домот онака како што одамна замислувавте. Единствениот Oнлајн Саем за Мебел е на самиот праг, се “крчкаат” зделки од омилените брендови, а вашата “обврска” е САМО да бидете на Grouper 🙂

Read More

Развесели кафана – Grouper и Пивара Скопје во поддршка на рестораните!

Во ова чудно и неизвесно време секој од нас размислува за работите кои му значат, што е она што му недостига и што прво ќе направи кога ќе заврши целава ситуација со пандемијата.

Дефинитивно она што ни значи на сите, се нашите блиски луѓе, човечкиот контакт, споделените насмевки и прегратки и заедничките искуства за кои вреди да се живее.

Read More