Раното откривање живот спасува!

Во склоп на кампањата “Остани Здрав”, ти презентираме 8 знаци за рак на дојка за кои можеби не си знаела дека постојат, како се откриваат и/или што значат. Затоа, удобно смести се и почни со читање на знаците кои живот значат! 

За многумина, првиот знак за рак на дојка е грутка во дојките. Сепак, симптомите на рак на дојка се варијабилни и нажалост ги има во изобилие – од грутки до некои помалку очигледни знаци како што се промена на бојата, текстурата и визуелниот изглед на кожата и друго. 

Она што мора секоја девојка и жена да го знае е фактот дека со самото откривање на симптомите на ракот на дојката не мора да значи дека веќе имаш некоја форма на рак! Затоа, секогаш најдоброто решение на било која дилема е што е можно порана консултација со твојот матичен или било кој друг доктор, стручен во оваа област. 

Раната превенција, живот спасува, а најдобриот начин за рана превенција е закажување мамографија на дојка или пак земање промотивен пакет за целокупно женско здравје. Што и да одбереш, ништо не губиш, само добиваш!

Знаејќи ја горната констатација, есенцијално е ракот на дојката рано да се препознае, дијагностицира и лекува. За луѓето на кои поприлично рано им е дијагностициран рак на дојка, дефинитивно им се овозможува простор и време за темелна дискусија и соодветно навремено планирање за начинот и пристапот на лекување, што значително ги зголемува шансите за поволен краен исход.

Кога станува збор за дијагностицирање на рак на дојка, тајмингот на дијагностицирање е од витално значење. Затоа во прилог ти презентираме 8 симптоми/знаци за на рак на дојка кои ако ги забележиш ќе треба што е можно побрзо да делуваш.


Промени во текстурата на кожата на или околу дојката: набивање

Оваа промена може да сугерира појава на грутка во внатрешноста на дојката, што пак влијае на кратење на лигаментите (фиброзното ткиво) во дојките, а аналогно на тоа ткивото и кожата се навлекуваат навнатре и крајниот резултат е набиен или вдлабнат изглед на кожата. 


Промени во текстурата на кожата на или околу дојката: вдлабнатина

Вдлабнувањето на кожата може да сугерира дека ситните канали во дојките, наречени лимфни садови, кои помагаат при ослободување на отпадните и токсични материи од телото, се блокирани. 

Оваа појава предизвикува воспалување, отекување и појава на мали ситни дупчиња на поголемиот дел од кожната површина на или околу дојката, со што кожата добива изглед и текстура налик на кора од портокал. Во некои случаи, ова е сериозна индикација за тип на рак на дојка познат како воспалителен карцином на дојка.


Здебелување на ткивото на дојката

Овој симптом може да сугерира појава на грутка во клетките во вродените лобули (одговорни за лачење на млеко) или може да биде уште еден знак дека ситните канали во дојката, наречени лимфни садови, кои му помагаат на телото да се ослободи од отпадните и токсични материи, се блокирани.


Појава на осип со изглед на егзема или црвенило околу и на самата брадавица

Тука имаме многу редок симптом за рак на дојка. Во мал број случаи оваа појава е поврзана со ракот на дојка наречен Паџетова болест. Додека нејзината причина останува непозната, Паџетовата болест предизвикува црвен осип со чешање сличен на егзема, кој воообичаено се појавува околу и на самата брадавица.


Појава на необичен исцедок (налик на крв или гној) од брадавицата, без индикации

Појавата на необичен исцедок сугерира дека клетките на ракот ги обложуваат каналите (малите цевки за носење млеко), зад брадавицата.


Промени во брадавицата како нејзино превртување или промена на положбата/формата на истата

Развивањето на превртена брадавица (освен ако не е вродена појава) што не може да се извлече, може да сугерира дека грутката зад брадавицата ја повлекува навнатре брадавицата.


Појава на оток во пазувите

Што сугерира дека постои грутка во лимфните жлезди (кои му помагаат на телото да се ослободи од отпадните и токсични материи) под рацете. Понекогаш кога ќе се појави грутка под раката може да биде позабележителна отколку на самите дојки.


Самопреглед на дојките

Од суштинско значење е да имаш редовна грижа, преку закажување прегледи и дијагностички анализи на твоите дојки! Зошто? За да можеш прво, да ги препознаеш и откриеш евентуалните симптоми за рак на дојка и второ, правовремена рана дијагностика и третман на болеста за среќен и долговечен живот. 

Идејата и целта на оваа кампања е да се пренесе пораката дека секоја жена и девојка треба да работи на себе т.е. да се познава себеси, да го слуша и познава сопственото тело, сѐ со цел да може лесно, брзо и навремено да ги препознае евентуалните промени и гореспоменатите симптоми.  

Драги девојки, жени, мајки и неуморни борци, како за крај сакаме да Ве потсетиме дека ракот на дојката и општото женско здравје не е само женска одговорност и грижата за сопственото здравје не е избор, туку начин на живот!

Со љубов,

Тимот на Grouper 🫶

Неколку совети за како да се подготвиш за здраво лето… од дома.

После пролет, која оваа година се однесува како есен, следува лето, период на летни одмори, релаксирање од секојдневниот стрес на работа и вистинско уживање, но и период кој бара соодветна подготовка и истражување за безгрижно одмарање.

Па по тој повод, за да не луташ непотребно по интернет просторот, од наша страна ти подготвивме краток прирачник со неколку совети за како да останеш здрав/а и соодветно да се подготвиш за престојните летни денови од дома, т.е. 100% онлајн, 100% сигурно и безбедно! Одиме со ред!


Во здраво тело, здрав дух

Ќе претпоставиме дека веќе си во напредна фаза на твојот тренажен процес кој опфаќа сериозни физички подготовки за имање на перфектно тело за на плажа! Тоа е одлична мисија, но што правиме со есенцијалните, а не толку зборувани (како што се протеин, креатин и други) додатоци во исхраната без кои општото човеково здравје е нецелосно?  

Бидејќи изборот во оваа категорија е голем колку нашата галаксија, како за почеток наша препорака е да почнеш со SOLGAR Магнезиум цитрат, витален минерал за целото тело, SUPERDIET Целимине био, комплекс на база на 6 растенија, овошје и јаболков оцет, совршен микс за природно слабеење, елиминација на вода и детоксикација на организмот и EASYVIT Easyfishoil Омега 3 + витамин Д, топ избор за одржување на нормална функција на мозокот и за нормален вид. 

Кај да ги најдеш? Прошетај се до богато опремената онлајн продавница на Зегин, твојата омилена семејна аптека и одбери ја добитната комбинација за супер-здраво лето.


Одмори се од алергиите

Моментално се наоѓаме во цутот на алергиите и алергиските реакции. Луѓето кои патат од овие медицински феномени, знаат што значи да се будиш и легнуваш со затнат нос, константно иритантно внатрешно чешање и 100% неудобно чувство. 

Краен лек за оваа здравствена состојба сѐ уште не е пронајден, па додека чекаш да го измислат, провери ги нашите препораки како што е PRANARÔM Allergoforce Спреј за нос, MARNYS Алерхелп, SOLGAR Кверцетин плус и другите анти алергиски лекови, достапни на Зегин Онлајн. Дозволи си скоро-па-безгрижно лето… без да има потреба да излегуваш од дома.


За сигурно и безбедно сончање

Некој ужива во максимално “трошење” на денот на плажа, друг користи една половина од денот за плажирање, трет ¼, а некој пак сака само да набљудува, удобно сместен/а во некоја дебела сенка на својата омилена патувачка дестинација

Без разлика кој и да си ти, за сите категории на луѓе задолжително е користење на спреј за заштита од сонце, без пардон! 

За таа цел, наша препорака е да ги провериш продуктите како на пр. FREZYDERM Sun Screen Безбоен спреј за заштита од сонце, FREZYDERM Sun Screen Нијансиран крем за лице, FLEURANCE Алое Вера гел и други дерматолошки производи, достапни со само еден клик на Зегин Онлајн

Како за крај, Остани Здрав/а и знај дека здравјето и грижата за телото и умот треба да ни се прв и единствен приоритет! 

Есенцијални работи што треба да ги спакуваш за твоето следно патување!

Сите сме согласни дека сезоната за патување официјално е отворена! 

Но, тоа со себе носи други дилеми, трилеми и неодлучни мисли за тоа што треба да се понесе на едно патување, а да не изгледа тој процес како една масовна преселба на народите. 

Аналогно на горната изјава, за да не се мачиш и да правиш списоци на лист хартија, во телефон за што сѐ си спакувал во куферот кои некако магично ги губиш, забораваш дома пред да тргнеш или едноставно не се водиш по нив и пакуваш пола живот за викенд во Грција, ти спремивме текст за најважните работи што треба да ги понесеш на твоето следно патување, во зависност од тоа кај планираш да одиш и што ќе правиш таму.

Read More

Неколку кул предлози за пролетно релаксирање во Македонија!

200+ сончеви денови, 40+ планини, 3 природни езера со античко потекло и еден град заштитен од УНЕСКО се само еден мал дел од фактите и бројките кои ја опишуваат Македонија – земја на највкусната храна, најубавите дестинации и најгостопримливите луѓе.

Македонија секој ден, без пардон, ти нуди прекрасна природа, дестинации вредни за (ре)откривање и проживеани луѓе опремени со еден куп локални приказни за како било на времето, кој биле главните шизици и како сите живееле во слога, разбирање и љубов. Иако мала, Македонија нуди места каде ќе го најдеш мирот, искуства преку кои ќе ги запознаеш најтоплите, пријателски расположени луѓе и дестинации кои ќе сакаш да ги посетиш пак, пак и пак!

Кога последен пат си дозволи пролетно релаксирање во Македонија? Колку од езерата, планините и алтернативните селца во Македонија ги имаш посетено?

Дојде време повторно да ти откриеме што сѐ имаме по дома! Ајде да го цениме и да го уживаме тоа што го имаме и оваа пролет да ја искусиме Македонија од една поинаква перспектива… во улога на туристи, повеќе од подготвени за креирање нови спомени!

Read More

4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција! 🇬🇷

Кога некој некаде ќе го спомне зборот “пролет”, првите асоцијации се поврзани со будење на природата, обојување на околината која не опкружува (нешто како есен, ама со различен спектар на бои), расцутани дрва, вадење еден слој од облеката и можеби најинтересниот дел – пролетно “фаќање магла” негде далеку од градот!

Епа, нашиот фокус во овој блог пост ќе биде 100% насочен за пролетните патувања, домен од нашето работење кој го познаваме и разбираме како левата рака и истовремено уживаме да презентираме, препорачуваме и даваме конструктивни идеи за патувачко-авантуристички искуства кои оставаат траен белег во форма на убави и пријатни спомени кај патувачите.

Па по тој повод, во прилог ти презентираме Топ 4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција, директна инспирација од престојните пролетни празници кои ако ги споиш добиваш еден тон слободни денови за патување (читаj: пролетни празници кои може да траат и до 10 дена!) 👇👇👇👇

Read More

ТОП 3 ВИКЕНД ДЕСТИНАЦИИ ЗА ОВА ЛЕТО

Како што знаеме сите брзиот начин на живот е присутен во нашето секојдневие, па така се повеќе ни е потребно да избегаме и да се релаксираме.

Доколку се двоумите каде да го поминете викендот после напорната работна недела, имаме неколку дестинации за вас кои се најбарани.

Read More

Olpeo слави трет роденден! ?

Olpeo е специјализирана продавница за корејска козметика која од 2020 година стана дел од Grouper Shopping Mall. Во продолжение ви спремивме интервју со Маја Кировска која ќе го сподели своето искуство за брендот и K-beauty козметиката во овој регион.

Read More

Денови на штедење на Grouper

Дали сте еден од оние луѓе кои секој месец никако да заштедат?

Сега се последните месеци од 2021-ва и никогаш не е доцна за промена на навиките. Микрозайм онлайн.

По повод 31ви октомври интернационалниот ден на штедење во Grouper спремивме специјална акција со Mastercard. 
Цел викенд од 30.10-31.10.2021 за секое купување на зделки и производи добијте до 600 ден. бонус во вашата Grouper торбичка.

Read More

Како да одберете идеален подарок за 8-ми Март?

Меѓународниот ден на жената или 8-ми Март, е денот кој сите го знаеме по тоа што се празнуваат жените ширум светот, но и ден од кога историски гледано, се одбележува нивната социјално-економска рамноправност. Кога тој е веќе пред прагот доаѓа време да размислите што би и подариле на жените кои ви значат, без разлика дали се работи за вашата мајка, сопруга, девојка или најдобра пријателка. Секако, не сите жени сакаат да прослават на ист начин па нормално е да немате идеја што да подарите. Но прашањето е, како да купите специјален поклон за сите, а да заштедите на време и непотребни дилеми? Баш поради тоа, ние од Grouper ви спремивме неколку идеи за подарок кои се надеваме дека ќе ви помогнат при изборот.

Read More

Grouper ви препорачува – подароци за Valentine?

Денот на Вљубените – 14ти Февруари или популарно познатиот Св.Валентајн започнува да ни тропа на врата па сега е идеално време да започнете да размислувате што ќе им купите на вашите сакани. Не е важно што празникот потекнува од друга култура, важен е поводот да ја празнуваме љубовта. А љубовта не може да ја ставите на пауза! Не чекајте до последен момент за да направите некого среќен. ?

Впрочем и не мора да сте заљубен или во врска, за да подарите некому нешто од срце. Да ја славиме љубовта во сите нејзини форми! Изминатава година ни помогна да се сетиме на сите видови љубов кои што ни помагаат да танцуваме низ животот. Можеби тоа е љубовта за вашиот најдобар другар/ка кој со хумор ви ги разубавува деновите, близок член од фамилијата или вашиот партнер со кого поминувате незаборавни моменти.

Read More