Ден на штедење + 5 идеи како брзо да заштедите

Велат дека еден од клучевите за успех е и штедливоста. Тој што знае добро да штеди на долгорочен рок може најдобро да инвестира и да ужива во заштедените средства.

31ви Октомври е светскиот ден на штедењето. Ние во Grouper секогаш наоѓаме начини како сите секојднeвно да заштедат заедно со нашите зделки со попусти, но знаеме колку понекогаш може да биде тешко да се заштеди. Па, затоа подготвивме многу изненадувања, а и совети за како да започнете да штедите.

Денес решивме на сите кои ќе купат преку Grouper да им помогнеме во првиот чекор од штедењето.

Само денес 31.10.2019 можете да искористите дополнителен попуст од 10% на сите зделки.

*Промо кодот е: SAVE10*

Со секое купување освен што можете да искористите попусти до 80%, со овој промо код можете да добиете и 10% попуст плус на сите зделки!

  1. Влезете на Grouper.mk
  2. Одберете ја вашата зделка
  3. И внесете го вашиот промо код во соодветно поле и кликнете активирај

Освен ова сакаме да ви споделиме 5 начини со кои ќе можете да започнете да штедите уште денес и до крајот на 2020 година да добиете минимум 1000 евра заштеда. Ќе се изненадите колку пари можете да заштедите.

Па ајде да започнеме:

1. Започнете со мали чекори

Почнете да одвојувате мали парични средства на дневно ниво. Прво нешто што можете да направите е во една тегла или касичка да ги одделувате на страна сите железни 50ки и 10ки. Секој ден кусурот собирајте го тука и започнете ја навиката на штедење.

2. Направете план

Запишете си кој е вашиот месечен приход. Потоа одлучете на неделно ниво колку пари сакате да одвоите за трошење. Пример овој месец сакам да потрошам 8000 денари.
Секој ден проверувајте колку пари имате потрошено и гледајте да не се приближувате до парите кои сте ги пишале за трошок. Целта е и помалку од тоа да потрошите.
Во наредниот чекор проверете како најлесно да ги следите вашите трoшоци.

3. Инсталирајте мобилна апликација за следење на трoшоци

Има многу апликации на интернет каде можете да ги запишете вашите трошоци и на месечно ниво да имате увид за големината и типовите на трошоци. Или земете мало тефтерче каде во текот на денот без оглед каде сте, ќе запишувате колку сте потрошиле и за што.

Така ќе почнете да имате поголема претстава за тоа на што ви одат најголем дел од парите.

4. Направете листа на задолжителни и незадолжителни трошоци

Ова е многу добра практика за да проверите кои од вашите трошоци се трошоци кои се задолжителни, пример струја, вода, храна за дома и слично. И трошоците кои не ви се есенцијални, пример нов модел на патики, јадење во скап ресторан или секојдневно купување на храна наместо готвење. Друга опција е кога одите во маркет да направите листа само на потребните производи за купување. Често знаеме да купиме многу непотребни работи и на крај да завршиме со сметка од над 2000 денари со трошоци кои беспотребно се натрупале.

5. Планот за штедење направете го на почетокот на секој месец

Одберете било кои од идеите кои ви ги предложивме и на почетокот на месецот уште пред да добиете плата направете план каде и колку ќе ги трошите.

Тоа се нашите 5 идеи и предлози за штедење!

Ајде сите посвесно да трошиме и да започнеме уште денес, за во 2020 да имаме сосема нови навики за трошење, да штедиме и правилно да ги инвестираме нашите средства.

Пример ако денес започнете да штедите по 145 денари дневно до крајот на наредната година ќе имате заштедено 1000 евра 🙂

П.С: Во Grouper секогаш ни е Ден на Штедење, со безброј попусти до повеќе штедење секоја наредна година!

Ве сакаат,
Вашите Групер штедачи

Frosina Trajkovska

Frosina Trajkovska

Customer Care & Web Admin Team Lead