Денови на e-Learning [24.08-28.08]

Учењето е животен процес и учиме додека сме живи. Се е променливо, а материјалото што сте го створиле и го имате денес утре можеби ќе го немате. Единственото нешто кое никој не може да ви го одземе е знаењето! Тоа е она што ве прави вредни, самоуверени, моќни и бестрашни. Ако имате знаење, а уште повеќе ако имате способност брзо да учите тогаш сте во предност пред другите. Со промените во брзиот технолошки свет и новите трендови се менува и потребата за знаење. Затоа продолжи да читаш и дознај зошто оваа наша нова кампaња е правата ствар…

Се надевам не си од оние ликови кој ќе си дозволи да му кажат LMGTFY или let me google that for you. Ако си, тогаш sorry ама немаме курс за гуглање (How to Google on Google) во оваа кампaња, ама затоа имаме да понудиме едно чудо од онлајн курсеви за деца и возрасни (над 80) по лудо ниски цени (со 98% попусти) за се што може да посакаш за научиш! Од курсеви за wedding planners, миленици, јазици до професионални курсеви за маркетинг, социјални медиуми, програмирање, сметководство, дизајн и многу други. 

За кого е наменета оваа кампња:

  • за сите што сакаат да научат некоја нова вештина
  • за сите што се жедни по ново знаење и учењето им е хоби
  • за сите кои сакаат нова кариера
  • за сите кои сакаат да се надградат во некоја област во која се навлезени

Ова е специјалната акција за е-знаење:

За крај како бонус дел издвојувам дел од мотивирачкото интервју на нашата Д-р Нина Ангеловска, која секогаш вика дека знаењето е единствено нешто што неможе никој да ти го одземе. Вработениот во 21 век, треба да има широки познавања или да е специјализирано насочен? “Најважната особина на вработениот во новиот технолошки свет е брзото учење и адаптирање. Живееме во свет на побрзи промени од кога и да било, нови предизвици на секое поле, нови алатки, нови начини за маркетирање и придобивање на купувачите, навиките се менуваат, начините на кој комуницираме се менуваат.. Мало “заостанување” може да предизвика големи загуби за компаниите. Конкурентската предност е клучна за раст и развој на бизнисот, а истата може да се добие само со адектватно одговорање на превизвиците на пазарот. Потребен е извонредно обучен и мотивиран тим кој умешно ќе се справи со сите проблеми и предизвици. Порано изреката “Jack of all. Master of none” често се толкуваше како негативна особина, сметајќи дека ако учите повеќе области сите ќе ги знаете само површински без детално навлегување во ниту една т.е мастерирање на една одредена област. Денес многу автори тврдат дека успехот на Elon Musk се должи на неговата особина да се биде експерт-генералист што значи да се учи широко во повеќе области, да се разберат подлабоките принципи кои ги поврзуваат различните области и потоа да се аплицираат тие принципи на други специјалности. Оној кој ја поседува оваа способност има информациска конкуретска предност и можност за иновативно размислување.” Целото интервју можете да го видите ТУКА

Учете за себе. Напредувајте и станете најдобрата верзија од себе. Бидете во тек и земете ги контролите во вашите раце. Работете го тоа што го сакате и посакајте и добредојде на среќата! 🙂

Ве сака вашиот секогаш гладен за знаење и предизвик – Grouper!

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор