Од север до југ, од исток до запад, по 4ти пат ќе ве одведеме на едно прекрасно патување низ Македонија каква што не ја познавате! Се ближи најголемата патувачка акција за која цел тим е најмногу возбуден и најмногу ни лежи на срце на сите!
Оваа есен повторно креираме заедница од вистински љубители на историјата, убавината, недопрената природа, вкусната традиционална храна и авантуристичките искуства и заедно ја истражуваме нашата Македонија! Креираме водич од 101 зделка со уште попримамливи цени од вообичаено за патувања низ татковината – да го посетиме, вкусиме и искусиме сé она што таа ни го дала! Зошто? 5 ОДЛИЧНИ ПРИЧИНИ ЗОШТО.
СУМИРАНО – ДЕСТИНАЦИЈА МАКЕДОНИЈА ВО 3 РЕЧЕНИЦИ:
ПОЧЕТОК: 24.09.2018г.
101 зделки за патувања низ Македонија
Многу изненадувања со Mastercard, екстра заштеда и подароци!
ПРИЧИНА 1: Затоа што Македонија е неоткриена разгледница!
– Но некогаш се чини како да го земаме тоа „здраво за готово“. Мислиме дека за добро доживување и авантура секогаш е неопходна авионска карта. Дали некогаш сте летале со параглајдер во Крушево или пак сте јавале коњи во Маврово? Сте ги виделе ли Смоларски Водопади, или селото Јанче или пак сте пробале вино директно од винариите со традиција? Доживејте авантури кои ќе ги паметите засекогаш!
ПРИЧИНА 2: Од сé по нешто за секој: од Bestseller хотели до уникатни вили!
– И оваа година дел од кампањата се различни типови на сместување – од приватни вили до All inclusive хотели – од сé по нешто за сечиј мерак! А за прв пат имаме посебна категорија со Bestseller хотели – хотелите кои и досега најмногу ги сакавте од цела Македонија!
ПРИЧИНА 3: Традиционални вкусови!
– Едно нешто е сигурно: Во Македонија никој не останал гладен! Заборавете го часовникот за ручек и подгответе се за гозба. Главното јадење може да биде сочна чорба грав, пиперки полнети со мелено месо, јагне на скара, или можеби сите три.
ПРИЧИНА 4: Попусти, попусти, попусти!
– Нашиот тим ја прошета цела Македонија да ги најде најголемите попусти за сместување, ќе има врв зделки за патувања со до 70% попуст!
ПРИЧИНА 5: Изненадувања
– Ако нé познавате добро, знаете дека секогаш во ракав имаме и по некое изненадување. Овојпат за секоја зделка од кампањата купена со Mastercard картичка добивате екстра попуст – ќе си пишува во секоја зделка колку!
Еве неколку места за инспирација за кои нема да ви се верува дека се низ Македонија! Нека биде уживање за сите сетила.
И за крај, многу важно!
PHOTO CONTEST
Велат слика или не се случило. Споделете го вашето искуство со пријателите, раскажете им за највисокиот врв кој ќе го искачите, за качамакот кој го пробавте или за прекрасниот поглед на Шара од прозорецот на вашата соба. Фотнете го омилениот спомен од вашето патување и споделете го на Facebook или Instagram со #DestinacijaMakedonija. За најубавите фотографии имаме подготвено 5 пакетчиња од брендирани подароци и ќе ги добијат оние кои имаат најмногу <3 + со одлука на стручното жири.
ИМАТЕ СОПСТВЕНО СМЕСТУВАЊЕ, А ВИ ТРЕБА ПРОМОЦИЈА?
А доколку сте од другата страна и имате или знаете за преубава вила или за место кое едноставено мора да се посети во било кој крај на Македонија, можете да се вклучите! Пишете ни уште сега на [email protected], и експресно ќе се погрижиме и вие да сте дел од најголемата кампања за патувања во татковината!
„На здравје“ почеток на кампања, Македонци! Кампања за патувања дома.