Дестинација дома – Кампања “Дестинација Македонија”

Дестинација спомени.
Дестинација љубов.
Дестинација дома.
Дестинација Македонија. ♥️

Како се објаснува чувството на припадност, на познато, на удобност, чувството кога си дома? Чувството кога ќе слушнеш звук кој можеби е прегласен ама добро го познаваш и по него знаеш дека си на твоето место? (сообраќај, џагор на комшии пред зграда, камбана од црква, џамија, кафанска галама, тапан). Моментот кога ќе помирисаш мирис кој те враќа веднаш дома? (Печени пиперки, загаден воздух, планински воздух, борови, липи, мирис на снег, запршка, скара, правење на ајвар во октомври). На сон и со затворени очи ќе знам дека сум дома. Без да гледам планини, без да погледнам шуми и езера, без да видам лозја, реки и падини.
Тоа е тоа чувство. Дома. Во твој град, во твое село, во твое мааало, во твоја земја. Дома, во нашата несовршена, чудна, хаотична и прекрасна Македонија.

Оваа есен повторно ќе се потсетиме на чувството на припадност преку најголемата патувачка кампања за која цел тим е најмногу возбуден и најмногу ни лежи на срце на сите – Дестинација Македонија! 5та година по ред креираме водич од 100+ зделки со уште послатки цени од вообичаено за патувања низ Македонија – да го посетиме, вкусиме и искусиме сé она што таа ни го дала!

Ова е сé што треба да знаеш за најголемата патувачка кампања за хотели, сместувања и храна низ цела Македонија:

  • СТАРТ: 25.09.2019г.
  • 100+ зделки на попуст за патувања низ Македонија – хотели, вили, апартмани, винарии, сместувања, тури
  • 3 изненадувања со Mastercard – подароци, бонуси, екстра попусти
  • Зделките ќе бидат поделени на 3 главни категории: ПОСЕТИ – ВКУСИ – ИСКУСИ, што да посетиш, што да пробаш и што ново да искусиш.
  • Специјална програма и предлози за тим билдинзи и големи тимови кои сакаат да патуваат
  • Гласање за најдобриот хотел + подароци
  • Кампања спакувана со љубов од цел наш тим

Да престанеме да го земаме нашето „здраво за готово“, затоа што Македонија е неоткриена разгледница и има по нешто за секој!

  • од Bestseller хотели до уникатни традиционални вили!
  • од авантури на вода (кајакарење, едрење), преку авантури на копно (јавање коњи, дегустирање вино), до авантури во облаци (параглајдер)!
  • од добро познатите специјалитети на баба, до нови вкусови и прекрасна гозба
  • од големи попусти до уште поголеми попусти!

Дечки… од кога не сте прошетале дома?
Старо место, нови мемории.
Се гледаме некаде низ Македонија.

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор