#ДестинацијаМакедонија: 6-та година по ред Grouper ве води на патување низ Македонија

Пред неколку месеци кој би помислил дека ова лето ќе го поминеме дома. Обично кога и да дојде лето сите се спремаме за долго очекуваниот одмор, бираме дестинации, бираме нова летна облека, денови и денови поминуваме во потрага по совршена дестинација…

Но најчесто “не се свртуваме позади аголот” и не размислуваме дека всушност се што ние сакаме и бараме од еден одмор ни е на дофат.

Кога последен пат размислувавте за одмор во некоја дестинација во Македонија? Колку од езерата, планините и алтернативните селца во Македонија имате посетено?

Дојде време повторно да ги откриеме нашите убавини! Ајде да го цениме и да го уживаме тоа што го имаме. Ова лето да ја искусиме Македонија од една поинаква перспектива, како туристи, спремни за нови спомени.

Зачувајте го датумот за нашата омилена традиционална кампања за патувања: Дестинација Македонија – 6та година по ред, старт 08.07.2020

Нашиот тим оваа година ве носи на патување – ДОМА. Патување низ дестинации кои ни се добро познати, но и нови вредни за откривање, водич за исполнети денови со истражување на целата околина, сите езера, сите сокаци, сите водопади и сите мали места кои можете да ги посетите ова лето. Почуствувајте ги топлите утра, разнобојните зајдисонца, сјајните денови и ветровитите ноќи, со еден збор одберете лето – дома.

ТОП 5 причини, зошто да ја погледнете Дестинација Македонија и да одберете патување дома:

  1. Најниски цени и попусти на хотели, вили, апартмани низ цела Македонија
  2. Имаме и за авантуристите: адреналински зделки за сé што може да се искуси низ Македонија, јавање, нуркање, летање со параглајдер, едрење
  3. Затоа што има пејзажи и локации кои тотално не знаевте дека се во Македонија
  4. Зошто нема повкусно од македонската храна
  5. Зошто сé е блиску, сé е познато, но и ново, зошто е ДОМА

Во наредните денови очекувајте многу нови зделки со попусти низ цела Македонија, многу нови приказни од нашите колеги и нивните омилени градови и спремете се за истражување ?️

Секоја година го викаме истото, 6-та година по ред, ова е нашата порака: Нашата Македонија има многу повеќе отколку што знаеме, ајде да започнеме да ја истражуваме и да гo дадеме внимението кое го заслужува ?

Frosina Trajkovska

Frosina Trajkovska

Customer Care & Web Admin Team Lead