Најголемата кампања за патување низ Македонија наскоро на Grouper!

За авантуристите од северна Европа, Македонија е егзотична дестинација која секој во потрага по убаво парче природа и добро доживување треба да ја посети.

Но некогаш се чини како да го земаме тоа „здраво за готово“. Мислиме дека за добро доживување и авантура секогаш е неопходна авионска карта. Но искрено, колку добро ја познаваме својата земја? Колку вистински ја имаме доживеано? Дали некогаш сте летале со параглајдер во Крушево или пак сте јавале коњи во Маврово? Сте ги посетиле ли винариите кои го прават тоа прекрасно вино од кое пријателите од Германија секогаш ве молат да им однесете?

лучшие микрозаймы онлайн Добрите моменти и нови искуства се тука, на нас останува само да ги забележиме и избереме. Токму затоа, оваа есен Grouper и новите 100 зделки со уште попримамливи цени од вообичаеното, ќе те однесат на патувања низ Македонија, ќе ти ги покажат најубавите места и ќе ти овозможат да го посетиш, вкусиш и искусиш најдоброто од нашата земја.

 

 

Најновата кампања на Grouper која ќе трае од 25 септември сè до 1 ноември е наречена „Дестинација: Македонија“ и доаѓа во трите дела кои се неопходни за вистинско доживување на една дестинација, односно – посети место кое досега не си го посетил, вкуси прекрасна храна и традиционални јадења карактеристични за местото и искуси ја авантурата по која ќе ја паметиш оваа сезона.

А ако нè познаваш добро, тогаш веќе знаеш дека секогаш во ракав имаме и некое изненадување. Со секоја трансакција над 300 ден. направена со MasterCard во периодот 25 септември до 15 ноември ќе учествуваш во извлекувањето за Samsung S8 и други Grouper поклони!

Не заборавај да ни раскажеш за најдобриот врв кој ќе го искачиш, најдобриот специјалитет кој ќе го пробаш и за собата со прекрасен поглед во која ќе го поминеш викендот со најдрагите. Објави ги фотографиите од твоите патувања на Фејсбук и Инстаграм и тагни ги со #DestinacijaMakedonija.

 

Галерија: Елена Фиданска

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper