Дечки, овој петок почнува најдоброто викенд лудило или Best Of Grouper викенд зделки со екстра попуст. Викенд атмосферата ја загреваме уште во четврток со две луди зделки на тема: Best of the Best! Добро познатата Dioptra Optics овој пат со луд попуст на еден од нејзините ексклузивни брендови на очила за сонце и рамки – Etnia Barcelona, како и оптометриски преглед со единствениот апарат во Македонија EYEGENIUS HOYA!
Ако не сте запознаени со брендот Etnia Barcelona, останете тука за да ви помогнеме околу тоа:
Шпанскиот бренд Etnia е еден од омилените селебрити брендови на очила. Без разлика дали им треба за заштита од папараци или за надополнување на нинвиот стајлинг, Brad Pitt, Margot Robbie, Ema Stone, Naomi Watts, Cara Delevingne, Kate Blanchet, Heidi Klum се само дел од холивудскиот крем чиј прв избор се моделите на Etnia. Инспириран од убавината, шаренилото и совршениот урбанистички план на каталонската престолнина, брендот е олицетворение на фини и минималистички линии, цветни дезени и совршено интелигентен дизајн.
Леќите на ETNIA BARCELONA се изработени од калено, темперирано стакло кое е со висока резолуција, висок контраст и отпорно на гребење, и со тоа го поседуваат најдобриот квалитет во светот. Има неколку типови на леќи и тоа:
- Специјален поларизиран филтер за избегнување на одблесоци од површини, при што ја пропуштаат “добрата” светлина.
- Чисто видно поле и добар контраст.
- Се препорачуваат за возење и активности на снег или вода, затоа што го елиминираат заслепувачкиот сјај од хоризонтални површини.
- Реагираат на ултравиолетова светлина и се затемнуваат при директен контакт.
- Вашиот вид лесно е адаптивен на промените, при што вашите очи се релаксирани во секое време
- Се препорачуваат за возење, при што се минимизира очен замор и се оптимизира контрастот на околината
- Зголемување на визуелното искуство во спектарот на бои, без редуцирање на острината на видното поле.
- Зајакнување и интензивирање на боите
- Поголема резолуција во секоја средина
Уникатниот дизајн на модели на Etnia е најчесто плод на соработка со легенди од областа на фотографијата и уметноста за креирање на сезонски колекции на очила. Дел од соработките ги вклучуваат Araki, Klein, McCurry и последната соработка за неповторливата колекција Jean-Michel Basquiat. Сите овие ремек дела може да ги најдете во Dioptra, а со оваа загревачка зделка да добиете неповторлив попуст!
Etnia Barcelona само во Dioptra, а попуст само преку Grouper!
И за крај, овековечете ги новите окалки со добра фотка или селфи, ве чекаме!