Ако нè следиш редовно, знаеш дека доделувањето на награди по нашите наградни игри е секогаш проследено со забава и убава дружба, но за жал, овој пат моравме да го направиме доделувањето во специјални услови.
Почитувајќи ги сите протоколи за безбедност, четворицата среќни добитници на награди пристигнуваа во канцелариите на Grouper на секој час и ги подигнуваа своите награди. Во една пријатна атмосфера, имавме време и малку да си помуабетиме и да дознаеме нешто повеќе за нив.
Сообраќајка, па нов тротинет за Танер!
Танер Демиричи го доби електричниот тротинет Segway за најмногу трансакции со неговата Mastercard картичка и дознавме дека ова е идеалната награда за него! Пред само неколку недели, Танер имал сообраќајна незгода т.е. бил удрен од автомобил со неговиот претходен електричен тротинет и тоа на пешачки премин! Во тој момент, решил дека повеќе не сака да се качи на електричен тротинет! Но среќата му беше наклонета и тој беше радосен да ни открие дека откако ја доби наградата, едвај чека да дојде пролет за повторно да се качи на тротинетот!
Телефонот со СИМ картичка купена на Grouper!
Дека среќата може да ни се насмевне секогаш и секаде, доказ е и Наде Јанчевска која го освои новиот Samsung Galaxy S20 и тоа со трансакција од само 192 денари! Таа, покрај другото, се израдува бидејќи со телефонот ќе ја користи својата нова СИМ картичка од Lycamobile која ја купила преку Grouper!
Танер беше најрасположен Славица и Вики со лаптопот Танер и Вики Свето уште рано наутро си го подигна прочистувачот за воздух Телефонот ќе се користи со СИМ картичка купена на Grouper И ние си добивме подароци!
Свето Тодоровски не изненади уште рано наутро, а интересно е што тој во деновите пред извлекувањето веќе сакал да купи прочистувач на воздух и наградата му дошла како планирана!
Лаптопот Asus заврши кај Славица Липиќ а таа вистински ни го направи денот со подарок кафе и чоколади за целиот тим на Grouper!
Наградните игри се наш заштитен знак и сигурни сме дека ќе следуваат уште многу. Сè што посакуваме е следното доделување да се одржи како што вистински доликува – со голема забава и дружба. До тогаш, чувајте се! Ве сака Grouper!