Периодот кој следи многумина го нарекуваат најубавиот, но и најдинамичниот дел од годината. Како наближува Новата година, така наближува и новогодишната еуфорија кај нас во канцеларија. Се спремаат новогодишни зделки и попусти, купони и договори летаат на сите страни, ама се наоѓа време и за китење елка, за колективно пиење на топло чоколадо, многу празнични плејлисти и официјалното вклучување на зелените сијалички во канцеларија.
При последното пиење на топло чоколадо, една од колешките случајно на Facebook налета на слика од листа на подароци кои ги посакуваат дечињата кои се пациенти од одделот за онкологија на Државната клиника. Испадна дека не е единствена што ја видела, туку и 3ца други од тимот! Инстантно посакавме и тие дечиња да дојдат да пијат топло чоколадо со нас или да им го згрееме срцето на друг начин – со тоа што ќе им ги оствариме нивните желби! Желбите на дечињата се едноставни, сакаат играчки. А тоа е нешто што најмалку може било кој да им го даде.
Еве ја листата на желбите на дечињата:
Како Новогодишна желба, од нас – за нас, е да бидеме малите помошници на Дедо Мраз и да стоплиме срце и донираме љубов во овој предпразничен период. Како вистински помошници, чувството на среќа е уште поголемо ако сами ги одбереме, спакуваме и однесеме подароците. Па така со брза организација ги набавивме подароците, празничната хартија, новогодишните желби и со голема љубов од секој посебно, ги спакувавме играчките. Сите заедно, со топлина во срцата и радост во прстите, ги виткавме подароците, ги врзувавме машните и ги пишувавме пораките. (Наскоро следи и видео!)
Еве не, дел од тимот заедно со завитканите подароци за дечињата.
Хуманоста која всушност и треба да е дел од сите нас, стана дел и од програмата за следната година на Grouper! Оваа година ја завршуваме со насмевка на дечињата од онкологија и неврохирургија, меѓутоа следната ја продолжуваме со повеќе вакви акции!
СЛЕДНАТА НАША ДОНАЦИЈА Е ВАШ ИЗБОР!
Работата на помошниците на Дедо Мраз облечени во зелено не е лесна, но е многу исполнувачка. Затоа сакаме сите да ве поканиме да бидете дел од ова и да допринесете со идеја или предлог. Доколку вие би биле дел од тимот Grouper помошници, на кому, како и што би донирале следно?
- Пишете ни на следниот Facebook пост во коментари ваш предлог за која треба да е нашата следна донација
- Предлогот може да биде било која организација, конкретно семејство, организација за животни, маргинализирани групи, изборот и идеите се ваши
- Чекаме спремни за акција
- Ова е нашата New Years резолуција, се надеваме дека ќе ве инспирираме истата да биде и дел од вашата листа за Новата 2018та.
Во меѓувреме најмалку што може да направите е да не советувате кој е оној на кого сме му најмногу потребни сите ние.
Донирајте, подарувајте! Не мора секогаш да е материјално. Секој може. Секој е моќен. Донирајте љубов, поттикнете смеа, гушнете се, споделете бакнежи и насмевки, вдомете го кученцето кое веќе неколку месеци спие во вашето маало, поделете го последното залче од ѓеврекот со бездомникот кој секој ден ви посакува добро утро.
Да го направиме периодов најубавиот во годината, со позитивната промена која почнува од сите нас! За посреќни Новогодишни празници, за подарок, насмевка и здравје за секој!
Секогаш ваш,
Grouper