Дечки ја заокружуваме нашата омилена кампања со нашата најдрага мисија. Како што знаете, и оваа година во склоп на кампањата го креиравме планот за донации. Во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест Grouper гурмани!
Водени од мотото “Храна за сите” успеавме да собереме 18 000 денари кои ќе бидат донирани во организацијата што заеднички ја одбравме благодарение на вашите предлози – “Сите Сити“.
“Сите сити” е организација основана во 2011 година и е добитник на златен сертификат за најволонтерска акција за 2016 година – “Македонија без отпад 2016”. Нејзина цел е вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и e безбеден за употреба, да не заврши во депониите туку кај гладните.
Оваа организација им помага на околу 7000 социјално загрозени граѓани во повеќе од 10 градови во Македонија, преку обезбедување на дистрибуцијата потребна за превземање на храната и нејзина дистрибуција до граѓаните и семејствата кои што се изложени на социјален ризик.
Денес Блаже од организацијата “Сите сити” беше гостин кај нас и упати голема благодарност до сите вас кои несебично одделија за оние на кои им е најпотребно. Погледнете го видеото и слушнете што тој имаше да каже 🙂
Останете гурмани и останете хумани.
Be the reason someone smiles..