Доживеј ја Македонија - Осоговски Манастир

Доживеј ја Македонија со Grouper!

Кога последен пат сте биле во Битола? Вевчани? Преспа? Крушево? Кога во последно време  ви текнало да ја “повторите” заборавената лекција по географија за каде поточно се наоѓаат Голак, Пониква или Моклиште? Време е после шетањето по песочни плажи и европски метрополи, вашиот Grouper водич да ве однесе на мала едукативна прошетка “дома”, зошто со почетокот на новата есенска сезона припремивме над 60 зделки од најубавите краеви на Македонија! 🙂

Бидејќи сме заљубени во Македонија, сакаме да ве поттикнеме да прошетате и истражите нови места, да ги освежите сеќавањата за веќе посетените локации и создадете нови искуства кои ќе ги прераскажувате. Затоа решивме нашата миленичка меѓу Grouper кампањите Доживеј ја Македонија, да прерасне во наша заендичка традиција, кога секоја година ќе посетуваме и осознаваме нови нешта за татковината. Колку за освежување на меморијата, минатата година во кампањата  беа вклучени повеќе од 45 хотели, вили и ресторани, а зедно остваривме над 1.800 ноќевања ширум Македонија. Уживавмe на врвовите на Шара и Скопска Црна гора, во домашен зелник и пита со сирење во Галичник, јававме коњи на Бистра, ручавме дојрански крап и уживавме во зајдисонцето покрај Охридско и Преспанско езеро.  Па затоа драги Групери, ајде и оваа есен да бидеме туристи во сопствента земја !

Значи, од 20 септември се до крајот на октомври шетаме и само шетаме низ Македонија! Над 65 зделки, адреналински авантури, чист планински воздух, симпатични селца и градови, домашни специјалитети. Сé тоа стокмено во неодоливи Grouper зделки. Без тропски горештини, пасоши и речници, со свежо време и два потенцијални споени викенди овој месец го прогласуваме за месец на нови искуства!

Се радуваме кога сте среќни и задоволни, па затоа не заборавајте да ни пратите поздрав сo фотки или видео означени со хаштаг #ДоживејЈаМакедонија за да видиме како си поминувате. Ве чекаме на Instagram, Twitter, Snapchat или Facebook.

Традиционална трпеза
Традиционална трпеза
home-front-wallpaper
Воодушевувачкиот кањон Матка
Bay Of The Bones - Settlement
Заливот на коските , Охрид

За крај мала мудрост од генијалецот за бајки Ханс Кристијан Андерсен: “Да се патува, значи да се живее.”

Ајде да ја доживееме Македонија, заедно!

Љубов,
Вашиот Grouper
XOXO

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба