Доживеј ја Македонија со Grouper!

Сакате да патувате и истражувате нови места? Сакате да се чекирате на локации со идилични пејзажи? Да уживате во вкусна селска пита со сирење и кисело млеко? Или сакате да ја сликате питата и да ја споделите на Instagram? – Супер! Тогаш сигурно ќе ве интересира што имаме да ви кажеме…

Од денес па се до крајот на октомври ќе биде возбудливо, зошто овој месец го прогласуваме за месец на шетање низ Македонија! Да поткрепиме со факти зошто сега:

  • Прво, имаме два споени викенди
  • Второ, времето е таман – ни премногу топло, ни премногу ладно
  • Трето, есента сама по себе е одличен период за шетање, а уште повеќе кога тоа е на попуст, по grouper.mk цена!

Еве на што поточно мислиме…

Сигурни сме дека многумина од вас повеќе знаат колку е висока Ајфеловата кула во Париз, отколку врвот на Кожув, или пак мечтаат за идилата во познатите италијански селца и езерото Комо, а ретко им текнува на погледот на Беровско езеро, познатите Смоларски  водопади, Галичник  или недопрената природа во малите слатки селца кои ги има над 1500 на број.

berovo-lake
Беровско Езеро
galicnik
Галичник

Епа токму затоа овој месец нашиот тим ќе ве однесе на тура низ нашата татковина! Како? – Ќе ви понудиме мноооогу зделки за нови доживувања, излети и авантури низ Македонија.

Дополнително ќе се едуцираме и за околните места, ќе предложиме што да посетите и на кој начин да го направите тоа. Ќе возиме велосипед на Галичник, каде ако не сте знаеле до 2009 година баба Гаца беше единствениот жител; ќе јадеме вевчански вртник со домашно овчо сирење, ќе се релаксираме во кислородната бања – Берово, ќе уживаме во погледот на најстарото езеро во Европа – се разбира, Охридското, ќе ги посетиме сите 12 маала во Крушево…. и уште многу работи и патувања кои ние ќе ви ги откриваме и нудиме на попусти, а Ваше ќе биде да ги уживате.

pita 2
Вевчански вртник
kaneo - oh
Охридско Езеро – Канео

Да бидеме на чисто, немаме ништо против шетање низ светот, напротив, нема поголемо богатство од тоа, но ајде да си ја запознаеме својата земја! Ајде да ја доживееме Македонија!

Кликнете тука и влезете во одајата на Македонските зделки која секојдневно ќе ја дополнуваме. За почеток ви ги нудиме: с.ЈанчеГаличник, Берово, с.Брајчино, Вевчани и Пониква.

Стеј тјунд 🙂

Груперски поздрав,

Вашите водичи за нови доживувања

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба