1.000.000 ПРОДАДЕНИ GROUPER КУПОНИ!

Нашата приказна започна во Јануари 2011 година. Пасијата да ја смениме е-трговијата и навиките за онлајн купување беа нашата главна водилка. Првиот македонски сајт за групни попусти понуди атрактивни попусти и непобедливи зделки кои до тогаш не беа понудени на нашиот пазар—тоа беше главниот поттик за илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција на Grouper! Но попустите немаше да бидат возможни ако не беше отвореноста на нашите партнери кои ни ја дадоа довербата да ги промовираме нивните услуги, производи, патувања. Стотици компании ја остварија својата прва онлајн продажба преку Grouper!

Денес, многу работи се променети од тогаш… навиките се променија, технологиите и трендовите постојано се менуваат, онлајн купувањето заживеа (од 7% во 2011 до 32% во 2018), тимот порасна, Grouper стана многу повеќе од платформа за попусти. Grouper стана водич и место кое над 200.000 групери го посетуваат кога сакаат да прават и купат било што… едно нешто остана непроменето—нашата пасија, љубов и волја за работата, за промени, за ново, за вас!

Денес со гордост и радост споделуваме… Пријатели, партнери, групери стигнавме заедно до 1.000.000 продадени купони.

КОЈ ГО КУПИ МИЛИОНИТИОТ КУПОН?

Паулина Јамакова, на наше огромно задоволство, наша лојална корисничка од 2013та година! По овој повод и приредивме тимско изненадување во нашите канцеларии.

paulina_kupecot-na-milionitiot-kupon

 

КОЈ ГО ПРОДАДЕ МИЛИОНИТИОТ КУПОН?

Sushico! Милионитиот купон кој го има купено Паулина е азиски специјалитет од Sushico! Заедно со Паулина и нашиот соработник (кој самиот поставува нови рекорди во продажба на Grouper особено во #СкопјеГурман) доби Grouper изненадување од нашиот тим

so-igor-od-sushico-i-paulina

 

Видете како помина нашата дружба вредна милион емоции за нас! 🙂

1miliong

Тоа беше за милионитиот купец и компанија, а за сите вас сакани Grouper кои ни помогнавте до оваа бројка, само на 19.06 имаме специјална Mastercard акција по овој повод:

Само на 19.06, за секоја купена зделка со Mastercard картичка добивате бонус заштеда во вашата торбичка, и тоа 10% ПРОИЗВОДИ – 15% УСЛУГИ – 5% ПАТУВАЊА

Плус го видовте магичното тркало на нашиот сајт? 

И за крај:

*Интересен факт: Груперци се големи гурмани–Најпродаваната категорија е храна со учество од 29% во вкупниот број на продадени купони или 290.000 вкусени специјалитети и пијалоци со Grouper купони! На второ место е категоријата облека и спортска опрема со 9% учество, а на трето место е дестинација Бугарија, како една од најпродаваните топ 3 категории.

Ви благодариме на довербата ️драги наши Групери 

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор