Оваа година 7ми пат по ред се организира изборот за Сајт на годината. Изминатите години благодарение на сите вас, нашите сакани корисници, Grouper доби бројни награди меѓу кои: 2 пати Најдобар сајт за е-трговија и огласи, 2 пати Најдобар мобилен сајт, Второ место за Најдобар сајт и второ место за Најдобра Facebook страна.
Единствено кога работите напорно а истовремено со пасија, со љубов и инспирација работата е вистинско уживање. Вие, нашите корисници сте нашата инспирација и мотивација за секогаш да се вложиме максимално и заедно со нашите соработници да ви понудиме сé што ќе посакате и тоа секако на најголем попуст по најдобри цени.
Од самите почетоци се злагаме за унапредување на е-трговијата во Македонија, а ќе продолжиме да работиме уште понапорно и во 2017та година. Како што е редот треба да ги покажеме резултатите за да го оправдаме и заслужиме Вашиот глас и оваа година
Еве кратка ретроспектива на 2016тата Grouper година:
- Достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони! и го наградивме нашиот 500ти илјадити купувач!
- Ја организиравме најголемата Black Friday & Cyber Monday акција која ги сруши сите рекорди во онлајн продажба! Понудивме над 600 зделки од кои беа продадени дури 20.000 купони.
- Објавивме над 6100 зделки што е за 100% повеќе од минатата година и ја збогативме понудата на производи и патувања.
- Лансиравме посебен дел Grouper Производи!
- Пораснавме значително и во бројот на корисници (веќе броиме над 120.000 групери), посетители, соработници, Facebook фанови.
- Достигнавме 50.000 инсталации на мобилната апликација (за Android и iOS) и понудивме нови функции со цел уште повеќе да уживате во купувањето од каде и да било. Веќе речиси 40% од купувањата се прават преку мобилната апликација.
- Организиравме многу кампањи и акции за секогаш да ви понудиме нешто ново како што беа Љубовен натпревар, Пролетно будење, Месец на убавина, Доживеј ја Македонија, Недела на Храна и други, а во склоп на Неделата на храна готвевме и со тимот на #РетвитниОброк.
- Лансиравме 5 златни зделки по повод нашиот 5ти роденден во Јануари.
- Го одржавме ветувањето кое го дадовме т.е Што и да посакаш —> #ПрвоПровериНаGrouper
Гласањето за оваа година започна и истото трае до 18.12.2016. Вие сте нашата најголема инспирација и мотивација затоа поддржете не и гласајте не’ на следниот линк http://sajtnagodinata.mk/ во категориите во кои сметате дека го заслужуваме Вашиот глас, а еве ги сите во кои сме номинирани:
- Најдобар Сајт за 2016 година
- Најдобар мобилен сајт
- Е-трговија и огласи
- Најдобар бизнис/корпоративен сајт
- Најдобра facebook страница/ профил/ група
- Најдобра мобилна апликација
* Потребно е да распределите 2,6 и 10 гласови во категориите кои сте ги одбрале за гласање.
* Го цениме Вашето време па ве информираме дека не е задолжително да гласате за сите категории.
Со почит и голема благодарност,
Тимот на Grouper.mk