Секоја година ви покажуваме и докажуваме дека сакаме да напредуваме, дека секоја година ни е нов предизвик, а она што не води да одиме напред со голема желба и ентузијазам се секако нашите соработници и корисници. Наша цел е вашето задоволство и насмеани лица 🙂
Благодарение на вас до сега можеме да се пофалиме со неколку награди меѓу кои Најдобар сајт за е-трговија и огласи, Најдобар мобилен сајт, Најдобра мобилна апликација, Најдобар Сајт, Најдобра Фејсбук страна и.т.н.
Мотивирани сме од секоја ваша сугестија, пофалба, од секој убав збор во кој го гледаме вашето задоволство, како и секоја критика која ја прифаќаме и постојано се трудиме да бидеме уште подобри.
Сега сакаме да ве известиме дека изборот за Сајт на годината е започнат и ако повторно сакате да не поддржите во она што го правиме гласајте за нас.
Ова се категориите во кои сме номинирани:
- Најдобар сајт на годината
- Најдобар сајт за е-трговија и огласи
- Најдобар мобилен сајт
- Најдобра мобилна апликација
Гласањето трае до 09.12., гласајте за нас во категориите во кои сметате дека го заслужуваме вашиот глас 🙂
2018 помина одлично и ова се неколку работи кои сакаме да ги истакнеме и ни прават огромна чест:
- На само чекор сме до милион продадени купони
- Ја организиравме најлудата Black Friday акција во која објавивме над 1000 зделки, продадовме над 15 000 купони и имавме рекордни 140 000 посети дневно.
- Ја лансиравме машината за подароци и 500 среќни добитници сеуште уживаат во изненадувањата кои им се паднаа.
- Го прославивме 7миот роденден со најпознатата кампања „Златки зделки“
- Успешно ја реализиравме „Дестинација Македонија“ – најголемата кампања за поддршка на домашниот туризам во која беа вклучени над 100 хотели односно над 100 локации за патувања.
- И како најголеми гурмани во соработка со Скопско одлично ја поминавме и најгурманската кампања „Недела на храна“ со вклучени 80 избрани ресторани
Гласајте за нас ако ја поддржувате нашата пасија и енергија, а ние ќе продолжиме да ги правиме најдобрите зделки со најдобрите попусти, промоции и кампањи следните години. Секако ќе продолжиме и со најдобрите препеви на песни кои ги пееме со месеци во нашите канцеларии, а се споделуваат и на социјалните мрежи 🙂
Се гледаме со следните празнични новости, а до тогаш ќе ве известиме колку награди сме собрале.
Ве сака вашиот Grouper тим