Гласајте за нас > Избори 2017 втор дел :)

Почитувани Групери,

Oва не е некоја нова информација за нашите кампањи, настани, или лудиот Black Friday. Oвој пат сакаме да споделиме  дека се кандидиравме во нова изборна кампања. Годинава како за прв пат, оставивме одличен впечаток на локалните избори, понудувајќи нови млади имиња, кои 100% ги исполнија своите ветувања реалзирајќи одлична кампања за Македонија. (Кој не не видел еве подоле како изгледаше тоа)

Она за што сега сакаме да ве извстиме е дека изборната трка за најдобрите сајтови за 2017 во организација на Сајт на годината започна. Веќе неколку години наназад, благодарение на вас, наши верни поддржувачи и корисници, Grouper доби голем број награди, меѓу кои: веќе може да кажеме “традиционално”, нашата омилена Најдобар сајт за е-трговија и огласи, Најдобар мобилен сајт, Најдобра мобилна апликација, Најдобар сајт, Најдобра Facebook страна и тн. Доолнително за прв пат оваа година, номинирани сме и во Твитер награди за 2017, во категорија Најдобар сајт на Твитер.

Бидејќи наша мотивација е насмевката и задоволството на корисниците и успешните промоции на нашите соработници, секоја година се стремиме да одиме чекор напред од предходната, со новитети и пораст во секој поглед од нашето работење.

Еве го нашиот отчет за 2017

  • Го проширивме Grouper семејството за нови 40.000+ корисници и 350+ нови соработници
  • Понудивме повеќе од 10.000 зделки
  • На барање на нашите корисници ја овозможивме практичната “Add to cart” опција или по нашки кошничка
  • Пуштивме неколку update-и за Аndroid и iOS мобилната апликација за совршено брзо и оптимизирано корисничко искуство со многу нови фукнции
  • Го прославивме шестиот роденден со добро познатата кампања “Златни зделки” со која беа понудени 10 премиум зделки од кои се продадоа 12.500 купони.
  • Покажавме што значи да се реализира најдобрата кампања за поддршка и промоција на македонскиот туризам – Дестинација Македонија, со над 100 зделки и повеќе од 80 хотели, ресторани и туристички локалитети
  • Скопјани имаа можност да уживаа во најгурманска кампања  – Недела на Храна #СкопјеГурман кога беа изедени над 5000 бургери, повеќе од 3000 пици и илјадници други јадења
  • Го организиравме најголемиот Black Friday во Македонија со комплетна стратегија за дополнителна вредност, уживање и забава за вас (Warm Up акција + Машина за подароци)
  • Израдувавме тројца наши купувачи кои добија iPhone7, Samsung S7  и Samsung S8 преку двете наградни игри кои ги организиравме во соработка со Mastercard. Дополнително подаривме над 1000 брендирани подароци преку различни кампањи.

Секогаш се радуваме на секој ваш пофален збор и споделено искуство, со отворени раце прифаќаме критики, а особено сме горди кога за нашата напорна работа, креативност и посветеност добиваме признанија и награди. Па затоа, доколку сме ви драги и сметате дека и оваа година го заслужуваме мандатот во доле наведените категории, “заокружeте” го нашето име онаму каде што мислите дека треба да победиме. Ова се нашите категории во кои сме номинирани:

  • Најдобар сајт за 2017
  • Е-трговија и огласи
  • Најдобар мобилен сајт
  • Најдобра мобилна апликација

*Може да гласате на овој линк  во онолку категории колку што сакате

*Може да гласате на овој линк за Твитер награди 2017

Подолу ви представуваме дел од програмата за следната година со што ве уверуваме дека нема да се поколeбате доколку го дадете вашиот глас за нас.

Програма 2018

  • Ќе направиме доградба на уште попристапни патишта до вашите омилени зделки (нов update на мобилната апликација + нови опции за следење на зделките и нотификации)
  • Ќе ја намалиме невработеноста со приклучување на два нови члена во нашиот тим
  • Ќе се залагаме за уште поголеми попусти и заштеди за граѓаните
  • Со ваша поддршка ќе се бориме да го воведеме Black Friday за државен празник
  • Активно ќе работиме на унапредување на е-трговијата во Македонија (како и до сега)
  • И секако ќе продолжиме да ги нудиме најдобрите зделки по најдобри попусти 🙂

Со почит и благодарност,
Вашиот Grouper

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба