Вашата поддршка ни е најважна! Гласајте за нас!

Се наближуваме до 10 години постоење, крај на година, ја ситниме чуднава 2020та и правиме една ревизија на што сме направиле, што се случило, мислиме на следната година…

Оваа година не беше лесна. За сите. Прво поради тоа што ни беше директно загрозено здравјето, а второ начинот на работење, комуникација, живеење. Изолација, неизвесност, промени. Иако сите мислат дека на онлајн компаниите им беше лесно и дека дури имаа прогрес, можам да ви потврдам дека не беше баш така.

Но секако, сакаме да се фокусираме на убавите работи и да останеме ведри во оваа сива зима, па со радост ве информираме дека повторно сме номинирани за Сајт На Годината! Секоја година номинација и награди, секоја година, се поголем мотив да бидеме подобри! Вашата поддршка ни е најважна од сé и ни е потврда дека сме на добар пат! Би ви биле благодарни доколку нé поддржите и гласате за нас.

Номинирани сме во следните категории:

Сите ги почувствуваме потешкотиите на оваа светска криза, па моравме брзо да реагираме да се прилагодиме на промените, а пред сé да го оствариме нашето ветување дека ќе бидеме секогаш тука за нашите корисници! Еве што направивиме изминатава пандемиска година.

  • Лансиравме нов огромен проект Grouper Shopping Mall новиот револуционерен продукт кој му овозможува на секој бизнис на брз и лесен начин да се приклучи во е-трговијата и да ги продава своите производи онлајн. Ова е најголемиот онлајн трговски центар кој ќе ги задоволи сите потреби на еден корисник, но и бизнис.
  • Лансиравме Grouper Food за да доставиме храна во вашите домови и за време на полициски час, карантин и изолација, секој ден, во секое време!
  • Отворивме нова секција Супермаркет, за да може во оваа чудна ситуација да останеме безбедни и да добиете намирници на својата адреса наместо да чекате на каса.
  • Реагиравме брзо и порано од вообичаено ја организиравме омилената кампања “Дестинација Македонија за да помогнеме на нашиот туризам и да овозможиме попусти за патувања низ земјава во време на криза.
  • Организиравме голема наградна игра со Mastercard како екстра мотив за нашите корисници. Играта е сеуште во тек и можеш да освоиш Samsung S20!
  • Заедно со Пивара Скопје направивиме кампања за поддршка на кафаните и рестораните во време на криза – “Развесели кафана”
  • Организиравме кампања за здравје “Остани Здрав” во која понудивме големи попусти на здравствени прегледи во време на здравствена криза.
  • Заедно со MATA – Macedonian Artisans Trade Association подготвивме новитет кампања Крафт Арт: онлајн базар на рачни изработки за сите вас, да ги поддржиме сите занаетчии, ракотворци и уметници. Ова е традиционален базар, но прва година го реализираме онлајн.
  • По повод нашиот 9ти роденден се ребрендиравме и ја организиравме популарната кампања “Златни Зделки”

А што следи во 2021? Се надеваме најпрво здравје, тоа сфативме дека е најважно нели? Веруваме дека ова ќе заврши што побрзо и сите ќе можеме повторно заеднички да уживаме во буквално нормален живот. Ама старото нормално…како порано…со зделки и патувања на раат!

Останете безбедни,

Ве сака вашиот Grouper

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор