Гласајте за нас!

Минатата година Grouper ја доби наградата за Најдобар сајт за Е-трговија, и тоа благодарение на сите Вас, нашите сакани корисници.
Ветивме дека уште понапорно ќе работиме, па како што е редот треба да ги покажеме резултатите за да го оправдаме и заслужиме Вашиот глас и оваа година 🙂

Еве кратка ретроспектива на 2014тата Grouper година:

  • До сега објавивме 3000 зделки што е за 40% повеќе од минатата година, пораснавме драстично и во бројот на корисници, посетители, соработници, Facebook фанови.
  • Дизајниравме мобилна апликација (за Android и iOS) со цел да го олесниме процесот на купување, како и самото користење на купоните со едноставно прикажување од мобилниот уред наместо печатeње на истиот.
  • Го редизајниравме сајтот, воведовме детално категоризирање на понудите за лесно пребарување и наоѓање на она што ви е потребно во секој момент.
  • Организиравме голема роденденска прослава во месец Јануари, на која присуствуваа над 1000 гости.
  • Креиравме нови можности за компаниите соработници, лансиравме нова веб страна наменета за нив и креиравме нов едноствен систем за валидирање и управување со купоните.
  • Го оживеавме Групко, нашата маскота и го отворивме овој блог за да споделуваме новости и информации со сите Вас.

Гласањето за оваа година започна и истото трае до 05.12.2014. Затоа дајте ни поголема мотивација за 2015 година и гласајте не на следниот линк http://sajtnagodinata.mk/ во категоријата Е-трговија и е-огласи.

Покрај оваа категорија номинирани сме во уште 4 други категории за кои може да ни дадете 10 поени ако сметате дека ги заслужуваме: Најдобар дизајн, Најдобар мобилен сајт, Најдобар сајт, Најдобра Facebook страна.

* Потребно е да распределите 2,6 и 10 гласови во категориите кои сте ги одбрале за гласање.
* Го цениме Вашето време па ве информираме дека не е задолжително да гласате за сите категории.

retrospektiva

Со почит и голема благодарност,
Тимот на Grouper.mk

Nina Angelovska

Nina Angelovska

Ко-сопственик на Grouper.mk