Се наближува Valentine’s Day, Ден на вљубените, Ден на заљубените, или Ден на љубовта, како сакате. Ден кој што до сега го негирав. Си викам и девојка ми е hard-core, не се замара она со вакви глупости, и се што мислев дека треба да се купи е литро вино (што ја ќе го испијам), или еве нешто жестоко за ако се осеќам поавантуристички. Сепак ми е поприродно да си го славам Трифун.
И после, доаѓа тој Валентин, и девојка ми ќутлива… на “што ти е срце?” одговара со отсечно “ништо!” Со оваа реакција сфатив дека секој ден е посебен, па така и Valentine, и веќе не го негирам туку сега го гледам како екстра ден за да направиш нешто посебно за некој што го сакаш. Зошто секој сака внимание! И јас, и ти, и девојка ти и дечко ти и пријателката и мајката, тетката, стрината, чичкото. Секој сака да се осети посебен, секој ден, и кога е со Валентин, и кога е со Трифун! Не бидете тапчовци, па тој храбар маж или жена што секој ден ви пегла кошули, ви прави ручек, фрла ѓубре, ве слуша како се жалите за работа и ве гушка и кога не сте избањати заслужил нешто! Време е да ја покажете вашата нежна страна.
Се ова ме поттикна ди ги инспирирам креативците во Grouper (како надворешен соработник и консултант) да направиме еден Љубовен Натпревар!
Натпреварот ќе биде едноставен, забавен и лесен за учество. Сега нема да ви откријам многу, ама ве советувам да ги отворите фото архивите и да ги најдете оние НАЈ љубовни моменти фатени со камера. Вие спремете ги сликите, а за нив ве чекаат спремни подароци.. над 10 патувања за Банско, Берово, Крушево, Охрид + многу повеќе. Со ова ќе покажете кој е вашиот омилен љубовен момент, плус ќе имате шанса за романтичен викенд.
Ако сте сингл и веќе превртувате очи на погоре кажаното, да бидеме на чисто! Љубовта на познава граници, целта на овој натпревар е да покажете како покажувате љубов, што значи тоа може да е кон вашиот пријaтел, брат, тетка, мајка, вашето галено милениче, неприкоснована љубов кон пица, сладолед, чоколадна торта или дури кон вашата омилена Grouper зделка 🙂 Ви текнува погоре кога ви кажав дека им треба внимание на тие што ви пеглаат? Па тоа може да е мајка ти, или сестра ти!
Е сега не бидете скржави, покрај подароците кои Grouper ќе ви ги додели вас, не заборавајте вие да подарите и да им покажете љубов на саканите со свежите Valentine зделки кои секојдневно се надополнуваат.
Барајте ги зделките со специјалното Valentine стикерче за полесно да најдете корисни идеи, но не ги игнорирајте моите генијални предлози:
- За дамите проверете ги Valentine за НЕА зделките тука > http://grouper.mk/tag/valentine-za-nea
Што и да одберете нема да згрешите, од Луксузен третман за лице (кој нејќе да се разгалува), елегантен позлатен брош (за сва времена), слатки љубовни мафини (не си дебела, еве благо, нема поголем комплимент од ова) па се до масажа во солена соба погодна за студови.
- За момците сите подароци се во Valentine за НЕГО тука > http://grouper.mk/tag/valentine-za-nego
На пример направете му пехар дека е дечко на годината (ова јас суптилно давам идеи), ако е љубител на благо со ОВА нема да згрешите (пак истото: не си дебел, топ изгледаш, касни благо), и на крај за практичните момци, на сите им е потребен овој додаток (ова буквално ќе ви го олесни животот).
- За авантуристите секако дека имам предлог незаборавни патувања баш за Денот на вљубените.
- Е сега ако сакате да сте надвор од конкуренција, наjдобри во подарување, видете ги сите персонализирани подароци ТУКА.
Ама она што е најубаво за искажување на љубов е заедничко искуство каде двајцата ќе уживате и ќе креирате нови заеднички мемории кои ќе ве држат цела година. Еве на што мислам:
- http://grouper.mk/skopje/deal/edelweiss-tandem-masaza-valentine
- http://grouper.mk/skopje/deal/etno-selo-valentine-nokjevanje-dvajca
- http://grouper.mk/skopje/deal/valentine-vikend-bansko-biser-prom
И не заборавајте дека бакнежот, прегратката и убавиот збор се секогаш пресудни и доволни за да им покажете на саканите дека ви значат, но уште подобро ако ова го надополните со умешно одбран подарок со љубов! 🙂
Натпреварувајте се со љубов, споделете љубов, покажете љубов и патувајте и уживајте со Grouper!
XOXO