Сакам да споделам новина со вас, се однесува на еден поинаков и креативен начин на подарување. Но пред тоа морам најпрво да споделам како се роди оваа идеја.
Еден мој близок другар одлучи да се пресели во Амстердам. Нели нормално пред да си оди близок човек цело друштво му организира собиранки и смислува изненадувања (класика, најчесто изненадувањата се “опроштајни” кафани). Мене ми дојде идеја да му направам книга со Групер купони т.е. Grouper Book во форма на водич што да прави 1 недела пред да ја напушти Македонија. Бидејќи напоменав дека ми е многу близок, му ги знаев активностите за таа недела, и тоа помогна да бидам детална во подготвувањето на “Водичот за последната недела пред напуштање на земјата”.
Најважно е да го познавате човекот за кого правите подарок
Купив 7 различни купони, направив насловна страна во стилот на напуштање на земјата со печат од Амстердам, ги испечатив купоните и напишав порака пред секој купон за што е наменет истиот. Му подарив: 2 купони за чорба, зошто знаев дека претходната вечер е на свадба и ќе му требаат сабајлето, купон за пакет за чистење заби со порака дека во Амстердам ваквиот пакет чини една просечна плата, купони за релакс масажа, билети за претстава со порака од некои интерни шали итн.
Се тоа набрзина го спакував и му го пратив на работа за да го изненадам. По неколку часа го сподели на Facebook, a реакциите кои ги поттикна подарокот не потикнаа нас да ја овозможиме оваа услуга за сите наши корисници кои имаат желба да подарат нешто вакво на своите блиски. Добрата работа тука е што според интересите на пријателот, кој вие си го знаете најдобро, можете да ги изберете купоните кои сакате да ги подарите, а со тоа и го прилагодувате буџетот кој сакате да го потрошите. И секако бидејќи сѐ е на попуст подарувате дупло!
Сакаш и ти да ги изненадиш пријателите?
Ако ти се допадна идејата и сакаш да подариш Персонализиран Grouper Book на твој пријател, дечко, девојка, мајка, стрина, сопруг, комшика потребно е само да го пополниш следниот формулар со деталите што сакаш да ги содржи подарокот и ние ќе го доставиме каде сакаш и кога сакаш за комплетно изненадување. Цената за изработката и доставата чини 250 ден, а истата може да се плати онлјан со картичка или со уплатница.
Постапката за подарување Gruper Book е мноу лесна:
- Одбери од предложените дизајни зависно од поводот за кој подарувате
- Одбери ги посакуваните купони и купете ги од Вашиот профил
- Пополни го формуларот со пораките кои треба да стојат пред секој купон.
- Пиши ни го имато на пријателот за да ја персонализираме првата страна
- Наведи ги местото и датумот за кога планирате да го добие изненадувањето
Ние ќе се погрижиме за останатото, ти само ќе треба да ја очекуваш убавата реакција.
Без или со повод и причина би било одлично изненадување за секого. Изненадете некој што заслужил веднаш! 🙂 И не заборавај да помислиш на Пепо, човекот кој несвесно ja иницираше оваа наша нова услуга.
На фотографиите погледнете како ќе изгледа Вашиот подарок.