На 9 март 2023 година по вторпат во нашата држава се организираше доделувањето на E-commerce Awards за најдобрите е-трговци!
Идејата и целта позади постоењето на E-commerce Awards е да придонесат за: промоција на е-трговијата, зајакнување на конкурентноста во овој сектор преку мотивирање на е-трговците за унапредување на нивното работење, подигнување на свеста за потенцијалот на е-трговијата и на крај препознавање и наградување на најдобрите.

Кога сме кај последната ставка, во конкуренција на најдобрите е-трговци, поделени во 23 категории и три секции, Grouper е горд освојувач на титулите:
- 🥇Прво место во категорија – Е-трговец на годината или главната наградата на Ecommerce Awards! Област на нашето работење во која сме пионери, лидери и директно заслужни за целокупниот развој и прогрес на е-трговијата од 2011 година па сè до денес. Ви благодариме на довербата и продолжуваме да работиме на развојот на е-трговијата во Македонија преку директни и значајни промени на пазарот. 🏆
- 🥇Прво место во категорија – Е-продавница за туристички услуги на годината Веќе 12 години ги нудиме најдобрите, најиновативните и најповолните понуди за патувања, туристички аранжмани и други туристички услуги, нешто на што сме особено горди уште од првата наша туристичко-патувачка понуда! 🧳
- 🥇Прво место во категорија – Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми Години наназад пружаме секојдневна грижа за нашата верна публика преку пласирање на релевантни, креативни и интригантни информации на социјалните медиуми. 📲
- 🥇Прво место во категорија – Е-трговец со најдобра грижа за корисници За нас, корисниците и фановите секогаш биле и ќе бидат на прво место. Затоа сме особено горди што сме добитници на оваа награда која дефинитивно ќе ни послужи како мотивација и поттик да продолжиме да даваме безрезервна, квалитетна, брза и ефикасна грижа за своите корисници, јадрото на нашето постоење! 👥
[ГАЛЕРИЈА] E-commerce Awards 2022!














Наградите и признанијата се препознавање на минат труд, мотив, поттик и искрена пасија за напредок, но и обврска за подобра и попродуктивна работа во иднина!
Ништо од ова немаше да биде возможно без Вашата секојдневна искрена, добронамерна и вистинска пофалба, критика и сугестија, нешто што веќе 12 години ни дава мотив, желба и пасија да бидеме најдобри помеѓу најдобрите, да напредуваме и да бидеме секогаш на Ваша страна!
Фала Ви уште еднаш за долгогодишната доверба која секојдневно несебично ни ја пружате! Тоа што со сигурност можеме да го потврдиме е дека продолжуваме да бидеме тука за Вас! 🙏
Со љубов и голема благодарност,
Тимот на Grouper 💕