Grouper готви со #РетвитниОброк

Поезија за неуморниот тим на аматери готвачи #РетвитниОброк

Дечки и девојки,
вие аматери готвачи,
вие хумани души големи

Веќе година дена готвите,
срцата ни ги топлите

Храна на сите ни годи,
а нас попуст од рака ни оди,
така Grouper Недела на Храна се роди

Ќе готивме од душа со вас,
и ќе ве носиме на ручек со нас
Гурмански купони ќе ви подариме,
за ова добро дело да ве наградиме

Да сецкаме кромид со вас ич не ни е мака,
Тимот на Grouper ве сака!

Не дека ни е во план да станеме поети или пак да пишуваме критички осврт на ова наше wanna be поетско дело, туку сакаме да споделиме со вас за убавиот петочки афтерворк со хуманата група скопјани од #РетвитниОброк, а воедно и да ве поттикнеме и вие во иднина да одвоите мал дел од вашето време и да се приклучите.
Понесени од успехот на Недела на храна, со над 3000 продадени купони и повеќе од 50 објавени зделки, дојдовме до идеја да споделиме топол и вкусен оброк и со оние граѓани кои нажалост неможат тоа да си го овозможат. Нашиот вреден тим ги засука ракавите и изминатиот петок се приклучи на групата хумани готвачи од #РетвитниОброк, кои повеќе од една година, секој петок неуморно готват и обезбедуваат оброци за голем број бездомни лица на кои тоа им е потребно.
#РетвитниОброк не се профи готвачи, домаќинки или пак луѓе кои неуморно испробуваат рецепти. Ова е група граѓани со широко срце и многу љубов, кои со доза креативност и вештини секоја недела готват различни оброци за своите сограѓани бездомници и секој кога и дa посака е добредојден да им се приклучи.
Минатиот петок, Grouper тимот уживаше во дружбата и готвењето со овие прекрасни луѓе и заедно подготвивме и спакувавме повеќе од 100 оброци, a во духот на недела на храна им напишавме поезија да го споделиме нашето восхитување и им спакувавме купони во наш стил за заслужено да уживаат во нашите зготвени зделки од недела на храна.  Дека си поминавме подобро и поисполнето од секој друг вообичаен петок може да погледнете на видеото и фотките во продолжение.

Aна Голејшка од #РетвитниОброк ни раскажа повеќе за идејата и почетоците.

“Идејата е пред се’ зачната како иницијатива од твит на Твитер. Идејната цел е дека фотографираната храна која некогаш не ја јадеме истата се фрла, наместо да биде рециклирана. Реализацијата беше едноставна и почна меѓу неколку твитерџии – да се зготви или рециклира достоинствен оброк за оние кои немаат – бездомни и социјално загрозени кои се на подрачје на град Скопје. За да го спроведеме ова, ни помогнаа и Вистински Дела на Љубезност, кои секоја сабота во 12 часот доаѓаат за да споделат оброк, обувки, облека со бездомните лица, а и нашите оброци од ретвитниоброк. На тој начин се создава релација директно, од човек на човек. Се прошири веста за иницијативата и се’ повеќе луѓе доаѓаат да ни помогнат, со логистика, продукти, со готвење… Ние сме едноставно, група граѓани кои сакаат да помогнат колку можат.”

Секоја чест #РетвитниОброк и сите вам Големи луѓе

 

Позитивната енергија не држи уште и ништо не ни може ни дожд, ни понеделник. Денот е таков каков што ќе си го направиме сами, а најдобро е да научиме да се радуваме на малите работи. Така ние се радуваме што направивме добрина во петокот, се радуваме што го оженивме најискусниот Grouper агент во саботата и се радуваме на продолжениот викенд кој ќе го користиме за тим билдинг 🙂

Животот е поубав кога си помагаме и ги споделуваме нештата!

Имајте прекрасна недела вие прекрасни луѓе

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба