Кога сите имаме една заедничка визија со заедничка иста цел: унапредување на онлајн купувањето, се креира нова заедничка приказна.
Со заеднички труд успеавме да го креираме La Noi онлајн супермаркетот на Grouper.mk, едно место за онлајн пазарење за целото семејство.
Со голем опсег на производи и поинаков концепт, тука можете да ги најдете најдобрите и најквалитетните производи од премиум брендови. Секој, вниматено одбран за да ги достигне најдобрите стандарди за квалитет и да се осигураме дека го имаме најдоброто за вас.
Фокусот е целосно онлајн пазарење, од бирање на производите до плаќање, со достава до вашиот дом и загарантирана насмевка на вашите лица 🙂
Плаќањето е приспособено и за компании, односно спремивме и можност за онлајн нарачки на фактура за да вашата компанија добие брза достава на сите секојдневни производи.
Во комбинација на намирници од белгиско, италијанско и македонско потекло, опсегот на производи гарантира ваше максимално задоволство. Асортиманот секојдневно се збогатува со специфични производи. Најнови во понудата се различни зачини, био и органски производи (мед, чаеви), а има и уникатна селекција на производи со тартуфи. Дополнително може да изберете и вегански производи, производи без глутен и без лактоза.
Во ова време следејќи ја нашата мисија Grouper да биде едно место за сè, ја креиравме оваа соработка со супермаркет La Noi и спремивме целосно онлајн искуство за купување на сите производи за вашиот дом на брз и едноставен начин.