Имаме новина која сакаме да ја споделиме со сите Вас, а особено со корисниците на Android смарт уреди. Како лидер на пазарот на групни попусти и дневни зделки кој ги следи трендовите и новите технологии, изминатите неколку месеци ги посветивме на развој на мобилна апликација за Android и iOS. Првата лансирана апликација е за Android платформата со оглед на тоа што повеќе од 75% од нашите корисници кои користат смарт телефони за да купуваат на Grouper се Android корисници. За Apple корисниците ја очекуваме iOS апликацијата во Apple Store наскоро.
Со оглед на фактот што купувањето на купони и воопшто посетите на Grouper преку паметни уреди се во пораст од крајот на 2013 година, очекуваме апликацијата да го олесни купувањето и користењето купони за сите корисници на паметни уреди, а секако очекуваме и пораст во купувањето преку паметни телефони поради едноставноста која ја нуди истото.
Нашата цел и предизвик е да ставиме крај на печатењето купони и сите наши корисници да ја имаат удобноста од едноставното покажување на купениот купон од нивниот паметен уред. Во тек е процесот на едукација на сите наши соработници кои ги повикуваме да го користат онлајн системот, па очекуваме во следните неколку месеци сите зделки да може да се користат без печатен купон. Во условите на секоја зделка може да видите дали истата е достапна за користење со едноставно прикажување на купон од мобилната апликација или мобилната верзија на сајтот.
Дозволете оваа апликација да стане ваш локален водич и ќе бидете на само еден клик од купоните кои ви ги обезбедуваат најголемите попусти кои се нудат во Вашиот град. Кога сте гладни, жедни, барате интересна понуда за викенд или авантура или пак имате потреба од здравствена услуга или можеби имате гости кои сакате да ги прошетате низ градот, прво проверете на Grouper.
Секојдневното надополнување со нови зделки ќе ги испорача сите попусти кои ги барате. Сите зделки се достапни за користење веднаш по купувањето, а вие сте на само неколку кликови од релаксирачка масажа, вкусен ручек или егзотичен одмор.
Со Grouper апликацијате, можете:
- Лесно да ги прегледате и филтрирате сите зделки за да најдете онаа што Ви е потребна Вам.
- Да купувате купони од зделките кои Ви се допаѓаат.
- Да ги следите Вашите купени купони и да ги означувате употребените за подобра евиденција.
Hаскоро очекувајте уште многу нови функции кои ќе го направат Grouper искуството уште подобро и ќе ги донесат најповолните зделки кои ви се потребни до екраните на Вашите уреди.
Тимот кој напорно работеше на развивањето на мобилните апликации е ултра возбуден и сака да го слушне Вашето мислење, сугестии, коментари па и пофалби 🙂 А доколку ви се допаѓа апликацијата ве повикуваме да ни оставите што повеќе ѕвездички (рејтинг) на Google Play Store.