Следува најубавиот период од годината, исполнет со многу забава, подароци, заеднички дружби со пријателите и семејството и празнична еуфорија која сите не прави возбудени, весели и насмеани. Ние во Grouper обожаваме изненадувања и подароци, па затоа традиционално секоја година со нетрпение ја очекуваме предновогодишната забава каде посебен акцент има празничната игра – Secret Santa што во превод би значело – Биди таен Дедо Мраз на твојот колега и изненади го со креативен подарок во согласност со неговиот карактер, хоби, сакања, стравови, хејтови, желби … Во тој контекст направивме кратка листа од топ седум предлози како да ги изненадите вашите блиски со подароци соодветни на нивниот карактер за празниците кои следат 🙂
1. Спортскиот тип – ако вашиот близок е тип што луѓето прво ги загледува во од доле нагоре, па на крај во очите, тогаш сигурно се работи за човек што е вљубен во спортскиот изглед, што сака секогаш да е „тип-топ“ во патичиња, да носи cool часовник или јаки наочари.
2. Елегантниот – тука спаѓаат луѓе што уживаат во префинетото, во гламурот, луксузот и во аристократскиот изглед. Идеален подарок за нив е облека како бунди, сакоа, фустани, можете да ги израдувате со нежна свилена марама или шал, парче накит, парфем или пак некаков третман за убавина.
3. Љубителот на науката – сигурно знаете дека книгата е нивниот најдобар пријател (секако после вас). Освен овој совршен подарок за луѓето кои уживаат во литературата, курсевите на grouper се одлични за да ги израдувате и освоите.
4. Романтичарот – во самиот карактер му е да гледа емотивно на се, значи што и да му купите ќе го „погодите“. Само следете ја листава, со ништо нема да згрешите.
5. Оној што сака да биде изненаден – секако прво и основно за овој тип на луѓе е подарокот да биде убаво спакуван, од никаде да не „ѕирка“ ни еден мал детал, затоа што тука започнува и возбудата, всушност тука е и најголемата возбуда. Може да им купите чаша со принт по избор, зимска облека или пак подароци за дома.
6. Креативецот – е тука веќе е малце потешко зашто многу работи се вртат во умот на овие луѓе и потешко е да „фатите“ каде во моментот им е мислата и да ги достигнете или надминете нивните очекувања за креатива. Една, да кажеме “safe” опција е да организирате заедничко викенд патување, а доколку тоа не е опција тогаш фатете се за работа и направето го најкреативното пакетче со 5 уникатни работи кои симболизирааат среќа, успех, здравје, љубов и пријателство, токму она што би му го поскале на секој близок. Во делот подароци, може да истражите и да дојдете до интересни идеи за ова персонализирано пакетче.
7. Најзборлестиот – да, со помош на Grouper водичот возможно е и него да го оставите без зборови. Подарете му зимски одмор за паметење во Бугарија, Копаоник, на Алпите или пак на домашен терен. Секогаш е супер идеја и некоја новогодишна авантура која потоа заедно ќе ја прераскажувате уште долго.
Ако не го пронајдовте подарокот за вашиот близок во овие категории имаме и специјални зделки одбрани од grouper тимот 🙂
Подарете подарок, подарете внимание, подарете момент затоа што моментите ја креираат среќата, направете вашите сакани да се почуствуваат сакани!
Изненадувајте, подарувајте, забавувајте се, сакајте се како што Grouper ве сака вас!