Grouper Quiz: Дознај каков патувач си

Веќе знаете дека е во тек кампањата Дестинација Македонија и во канцеларија тоа ни е главна тема, само едно нешто не си кажавме – кои зделки се идеални за нас? Така и ми текна да го направам тестов и сите се смееме на резултатите, кој би рекол дека Вики е „романтичарот”, а Лина од маркетинг „сонувачот”?

Пронајди се во една од реченициве и откриј каков „travel” стил имаш

  • Се будам и гледам до мене седат Калиси и Џон Сноу и се мислам: од вчерашната водка е или стварно се тука? (ако не е од водката, читај опис бр. 1)
  • Rule no.1 – ако изгледаш како на сликата од пасошот, дефинитивно ти треба патување (good news: не ти треба пасош за во Мк, читај опис бр. 2)
  • Ми лајкува се на фб, а плус ми ги гледа сите „stories” на инста, значи гарант „ме свиѓа”. (hell yeah, читај опис бр. 3)
  • Физички сум во канцеларија, а со паметот негде во 50тите год пред наша ера, муабетиме со Цезар… (читај опис бр. 4 пред да влезе директорот во канцеларија)
  • Ми вика другарка ми сабајле, цело време сум мислел на храна, а нема врска, еве пример кога спијам не мислам (ако си #alwayshungry опис бр. 5 е за тебе)
  • Did someone say beer? – Let’s go…(чекај, чекај, читај прво опис бр. 6)

 

1.  Сонувачот 

Идеалисти, личности кои сакаат да фантазираат, креативни индивидуи со смисла за хумор и високо ниво на емпатија. Идеални дестинации каде би се оттргнале од секојдневните конфликти кои им го рушат мирот и места каде ќе ја следат сопствената интуиција, ќе се релаксираат и ќе уживаат се:

1. Apart Wip Hotel – Берово

2. Gardenia & SPA – Велес

3. Unique Resort & SPA – Охрид

4. Бањишт хотел и СПА – Дебарски Бањи

5. Вила Ива – Маврово

Нашите „сонувачи“ Лина и Андреј од маркетинг веќе немаат дилеми каде да одат 🙂

 

2. Истражувачот  

Авантуристи, ентузијасти со желба за откривање нови места, зависници од адреналин, личности кои реагираат спонтано и се лесно приспособливи на промени. Совршени места кои ќе го скротат нивниот немирен дух кој постојано трага по нови предизвици се:

1. Јавање коњи – Кораб Трница Маврово

2. Тура со едрилица на Охридско Езеро – Sailing Macedonia

3. Велосипедска авантура на Матка – Fresh Lounge Bar

4. Тура за качување на карпа – Climbing School

5. Изнајмување кајак на реката Треска – Kayak Adventures

 

3.  Романтичарот      

Емотивци, длабоко чувствителни личности, незаменливи „listeners” кои умеат да креираат пријатна атмосфера и оптимисти кои успеваат да го пронајдат хуморот во секоја ситуација. Места каде што ќе успеат да го откријат балансот измеѓу логиката и емоциите и ќе создадат хармонија на сетилата се:

1. Вила Ерос – Елен Камен, Струга

2. Хотел Тино – Охрид

3. Хотел Изгрев – Струга

4. Хотел Скардус – Попова Шапка

5. Хотел Молика – Пелистер

Еве Вики ќе ви раскаже како си помина викендов..

 

4. Историчарот

Љубителите на фактите, логиката и рационалните заклучоци, индивидуи кои сакаат да „копаат” по минатото и да откриваат нови досега недопрени траги се личности кои сигурно ќе се пронајдат во овие дестинации.  Дозволете си мал „time travel”, дознајте нешта кои досега не сте ги знаеле и уживајте во неколкуте часови некаде во минатото.

1. Предавања за археологија од ХАЕМУС

2. Посета на СТОБИ од ХАЕМУС

3. Тура низ палатите на старо Скопје од ХАЕМУС

 

5. Гурманот  

„There is no love sincerer than the love of food” – ако се сложувате со George Bernard Shaw, тогаш ние ви ги претставуваме идеалните дестинации за вас. Пробајте ги разните специјалитети со добро друштво и пријатна атмосфера и уживајте во многуте гурмански задоволства.

1. Lounge Bar Урбаниста – Штип

2. Ресторан Шутиноски – Вевчани

3. Хотел Хавана – Неготино

4. Ресторан Чифлик – с. Белица

5. Брод Панини – Велес

Повеќето од нашиот тим најмногу се пронајдоа во оваа категорија, па стварно, каква би била една есен без ајварче, пинџурче мх мх…

 

6. Спонтаниот

Kреативни „open minded” индивидуи кои не сакаат да планираат, личности кои шират позитивна енергија секаде каде што се движат и уживаат во „last minute” избори за дестинации. Ако припаѓате во оваа група наша препорака е да ја отворите кампањата Дестинација Македонија и да кликнете на било која понуда со затворени очи бидејќи само така нема да ве лишиме од изненадувањето – клучниот момент за сите што припаѓаат во оваа група, а она кое ние можеме со сигурност да ви го потврдиме е дека ќе бидете изненадени.

 

И да ви кажам, се договаравме со друштво кај да идеме викендов и тестов ни помогна да направиме компромис, јас и Фросе испаднавме „сонувачи“, Ацевците се „гурмани“, а Ивана е „спонтаниот”, така да во сабота идеме во Охрид, после во Вевчани на ручек, а Ивана кај ќе не однесе ќе ви кажам во понеделник 🙂

Нена Синадиновска

Нена Синадиновска

Маркетинг и продажба