Grouper ТОП најпродавани зделки за 2014

Топ 5 филмови за 2014, најдобрите 10 запросувања, 5 најслушани песни, најпребарувани зборови на Google, топ 15 моменти во 2014… Бидејќи овој период од  годината е резервиран за сумирање на сработеното, ние ги споделуваме Grouper ТОП најпродаваните зделки за 2014 со вас.

No.1 Храна и оваа година е најпродавана категорија –  уште еднаш покажавме дека сме нација која е “гладна” за добра храна. Од објавени 195 зделки за храна и пијалок во 2014 ги издвојуваме најпродаваните 4. “Every Day” со продадени 1354 купони за топено сирење во фурна со пелате сос + фурнарини. Ем вкусно, ем на попуст 🙂 Се изедоа и вкупно 1020 пици во пицерија “Мечос”,  а во добро познатата градска кафана “Кај Злате” се продадоа вкупно 1000 комплет гурмански оброци (месо по избор + гарнир + пијачка). Ниту еднаш досега не се случило да се продадат 874 торти во толку краток период. Групер и “Канела” го направија и тоа. Со овие бројки категорија Храна дефинитивно ги сруши сите рекорди на продажба.

No.2 Планина, спа и добар хотел е секогаш одлична опција за вистински одмор.  Зделката од “Hotel Trinity” ја смести категоријата Патувања на второ место со продадени 538 купони.

No.3 И годинава никого не оставивме неспремен за летото. Вкупно 434 купони за солариум третман – сите со посакувана боја заминаа на одмор. Благодарение на супер акцијата на козметичкото студио “Марина”. Оваа најпродавана зделка ја обезбеди категоријата Убавина во ТОП листата.

solarium-siena-kettler-salon-marina

No.4  За споменот да остане вечен, годишните авантури се испринтаа и беа продадени 325 купони за развивање на 10 фотографии од “Фото Дичо” (мала математика:  до 3250 фотографии – испринтани и доставени низ цела Македонија).

foto-studio-dicho-fotografii

Ова не е единствена зделка која е доказ дека категоријата Производи е ултра популарна. Вкупно 106 семејства до сега го купија Tesy панелот за греење. Топол дом секогаш е место за уживање.  Со ова  “Setek” влегува во категоријата на најпродавани производи за 2014 година.

set-tesy-panel

No.5 Од многуте објавени зделки за здравствени услуги, очниот преглед од  ПЗУ Оптикус и обезбеди место на категоријата Здравје во овој пост. Од ординацијата презадоволни за постигнатото, ние горди на успешната понуда и 266 корисници со подобрен вид.

vizus-ochen-pregled-1Големите бројки се мотивација за уште подобри зделки, а уште повеќе кога се проследени со коментари од задоволни корисници. Купувајте, хранете се добро, бидете здрави, патувајте, правете моменти за паметење и бидете среќни во Новата 2015.

 

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор