Прогресивното темпо на работа оваа сезона не одведе надвор од границите на главниот град! Како резултат на голем интерес за групни попусти од страна на купувачите решивме да ги понудиме своите услуги на корисниците и компаниите низ Македонија.
Иако зделките за патување се достапни за сите ширум земјава, целта е да делуваме на локално ниво и да им овозможиме на Охриѓани и Битолчани да ги уживаат попустите во нивните градови. Покрај нив, сите останати кои ќе го посетите Охрид или Битола преку зделки кои со внимание ги одбравме, ќе можете вистински да го почувствувате духот на градот, да посетите нов локал, да искусите нешто ново и интересно, се разбира достапно по ниска цена, на голем попуст.
Ова е всушност есенцијата на нашата идеологија – локален водич за градот кој ќе ве најаде, разубави, испрати на нови искуства и ќе ви помогне да ги најдете вашите нови омилени места.
Доколку сте од Охрид или Битола ви предлагаме одлични идеи за да искусите нешто вкусно и интересно, а пак за оние од другите градови, се надеваме дека ова ќе биде мотивација за вас да ги посетите овие прекрасни градови.
Затоа уште веднаш ви препорачуваме да кликнете тука за да направите избор на попуст во Охрид, или пак кликнете тука за да посетите нова локација во Битола. Ќе следат уште многу нови зделки од различни категории, затоа зачленете се и добивајте персонализирани известувања на Вашиот е-маил за да не ги пропуштите зделките од ваш интерес.
Купувањето е лесно и едноставно. Се што треба да направите е да креирате профил да ја одберете понудата која ја сакате и да кликнете КУПИ. Повеќе за тоа, клик тука
Нека започне летото, и на здравје за новите искуства!