По тригодишно работење и соработката со над 1000 компании, го спремивме проектот наменет за сите компании кои сакаат да соработуваат со Групер со цел да ги споделиме приказните на неколку компании кои имаат долгорочна соработка со нас. Со мотото “Соработуваме со најдобрите бизниси” беа одбрани соодветни 5 компании од секоја категорија: храна и појалоци, здравје, убавина и патувања кои го споделија искуството од сорабтоката.
Во продолжение нивните приказни.
Салон за убавина Edelweiss со објавени над 24 зделки и продадени 800 купони.
Имавме проблем на самиот почеток поради тоа што бевме нов салон не се ни знаеше за нас. Па така решивме да направиме една реклама, разделивме 30 000 флаери во околината каде што се наоѓа салонот и одговорот на сето тоа беше рамно на нула…. Меѓутоа си посакв да имаме работа затоа што сакавме квалитетно да работиме и универзумот почна да работи за мене. Се јави еден агент од Групер, којшто ми понуди соработка, јас прифатив, агентот дојде за половина час беа многу брзи, направивме еден договор ги пуштивме првите понуди и телефонот не престана да ѕвони. – Билјана, сопственичка
ПЗУ Оптикус со објавени над 4 зделки и продадени 500 купони
Како доктори малку сме поскептични во однос на маркетинг услуги, повеќе им веруваме на пациентите и на усно кажаниот збор за добра услуга меѓутоа се покажа дека во Групер рабори еден млад професионален тим кој навистина многу успешно ја извршува својата работа и којшто знае успшено да ја испомовира било која услуга која се нуди, во овој случај кај нас услугата медицинска и оптичка. – Др. Спец. Ѓулистана Марковска
Кафе бар “Спалато” со продадени 1707 коктели
Реално Групер многу ни помогна да го разработиме кафичот. Од 1707 продадени коктели немавме ниту една полката. Секогаш имате само една шанса да оставите одличен впечаток на гостите и да постанат Ваши редовни клиенти. – Марјан, сопственик
Aurora Resort & Spa со објавени 6 зделки и продадени над 1200 ноќевања
Групер самиот по себе ја повлекува својата клиентела односно редовни корисници и дефинитивно мора да признаам кога ќе се направи една паралела помеѓу тие модерни облици на комуникации, на маркетинг и на промоција, Групер избива на првото место. Покажа дека сме на правиот пат и дека таа соработка мора да ја продолжиме…Со помош на соработката ги исполнуваме капацитетите до последно место. – Никола Голубов, маркетинг
Гостилница “Лира” со објавени над 10 зделки и продадени над 1000 купони
Во однос на сорабтониците и вработените во Групер немам никаква замерка, во однос на финансискиот дел – плаќањето немам никаква замерка, веднаш кога се завршува зделка се извршува плаќањето… Нормално целта е да се донесат гости кои што сме ги зацртале како таргет група, повторно да дојдат иако нема зделка на Групер и освен пакетот кои го купиле да земат и други наши услуги. – Влатко, сопственик на Лира и МКЦ Клуб ресторан