Влегуваме во сезоната на празници кои ќе ги празнуваме поинаку од досега. Глобалната пандемија го смени нашиот начин на живот. Мерките за заштита од вирусот не разделија како никогаш досега, па токму затоа овие празници имаме вистински предизвик: Да останеме сплотени и блиски и покрај физичката оддалеченост. Празничните подароци традиционално се симбол на внимание, љубов и грижа за нашите најблиски.
Подарувањето треба да биде гест, зачинет со многу љубов, почит и внимание. Затоа, важно е да направите паметен избор во два едноставни чекори:
Првиот е да купите подароци онлајн, бидејќи е најбрзо, најбезбедно и имате најголем избор. За да го комплетирате овој чекор, се наоѓате на вистинското место, бидејќи на само еден клик од вас се наоѓа најголемиот онлајн трговски центар во Македонија: Grouper Shopping Mall.
Вториот чекор е да одберете вистински подарок. Во нашиот претходен водич, ги дадовме нашите ТОП предлози за подароци ЗА НЕА. Во продолжение, го претставуваме нашиот избор од подароци ЗА НЕГО!
#1 Аксесоар: секогаш одлична идеја
Има неколку аксесоари со кои немате простор за грешка при изборот на подарок за мажи. Кожните ремени се потреба, но и секогаш во мода и се сигурен избор. Нов шал ќе го освежи имиџот на секој маж, особено доколку се работи за уникатна, рачно ткаена изработка, а ако сакате нешто ново и свежо, проверете ги уникатните дрвени, рачно изработени лептир машни кои се дел од годинешниот Kraft Art Fest на Grouper!
- Црвено-црн рачно ткаен шал од АнАрт
- Жолто-црн рачно ткаен шал од АнАрт
- Рачно изработени, дрвени лептир машни од Woodyz
- Светлокафеав машки кожен ремен
- Класичен црн машки кожен ремен
#2 Персонализиран подарок: нешто уникатно
Секогаш е кул кога за некого ќе одбереш персонализиран подарок – нешто кое го опишува него, неговиот карактер или неговиот стил на живот. Направивме избор од неколку персонализирани подароци со кои сме сигурни дека ќе го одушевите:
- Персонализиран постер со карикатура во рамка ЗАРТ
- Дуксер „Фраер ипол, накај два“ од ТиноСки
- Колекција ZODIAC од Mapsy – постер според хороскопскиот знак
- Маица со принт по избор
- Сортно вино со новогодишна порака од Gevino
- Дрвена слика со персонализирана новогодишна порака
#3 Часовник кој одговара на неговиот карактер
Од сите модни додатоци, кај мажите секогаш највпечатливи се рачните часовници, кое се воедно и израз на нивниот карактер. Погледнете го целиот избор на машки часовници или одберете некој од нашите предлози:
- Машки Часовник LEE COOPER
- Машки Часовник DANIEL KLEIN
- Машки Часовник ESPRIT
- Машки Часовник OBAKU
- Машки Часовник PIERRE CARDIN
- Машки Часовник G-SHOCK
Парфем, сетови за нега на коса, кожа или брада или after shave – сè би се вклопило одлично во машката колекција:
- Парфем BVLGARI Man In Black
- Тоалетна вода BVLGARI Aqua Pour Homme Atlantiqve
- CLARINS -Сетови за нега на кожа за мажи
- Cedrat After Shave Cream Gel
- Morgans крем за стилизирање на коса
- Morgans крем за нега на брада и мустаќи
Ако знаете дека нешто недостига во неговата колекција, сега е вистинско време да му подарите:
Бонус предлог за сите гејмери
Ако е зависник од компјутерски игри, нема нешто кое повеќе ќе го израдува од профи гејмерска столица:
Најважно од сè: одбери подарок со љубов и внимание бидејќи така сигурно нема да погрешиш.
Среќни празници!