Holiday Gift Guide: ТОП 5 подароци за НЕА (во време на пандемија)

Знаеме веќе дека оваа година е поинаква. За прв пат ќе ги дочекаме Новогодишните празници во вакви околности. Како ќе биде не знаеме, само знаеме дека ќе е ново искуство, а уште повеќе знаеме дека сега највеќе од било кога е потребно да останеме блиски со оние кои ни значат и да го искористиме секој момент, повод и начин да си подариме меѓусебно внимание, љубов, грижа, поддршка.

Секој гест, повик, порака, подарок се важни. Сите ја плаќаме цената на изолацијата и пандемијата, па ајде да си ги развеселиме деновите со она што ни дозволува моментот.

Оваа година треба да имаме предвид да останеме и безбедни додека купуваме. Затоа, направете паметен избор, и вашата шопинг листа со подароци за најсаканите реализирајте ја онлајн. Сите предлози на листава се со вклучена достава (можете да ја ставите адресата на примачот или вашата), а доколку сакате да подарите купон, само одберете ја опцијата “Подари на пријател” и внесете ја емаил адресата на оној за кого е наменет подарокот.

ТОП 5 ПОДАРОЦИ ЗА НЕА (The pandemic edition)

#1 Накит и модни додатоци: рачно изработени, брендирани

Накит или некој моден додаток за неа е супер идеја без разлика на возраста. Останува, се носи со години и е супер спомен за одбележување.

#2 Козметика: органска, медицинска, корејска

Секогаш потребна, никогаш доста, сите користиме секојдневно, речиси нема утка со овој подарок, без разлика дали е во сет или поединчено парче.

#3 Часовник: можеби е моден додаток, ама заслужува посебна точка 🙂

Има поделени мислења околу подарувањето на часовник, но тој секогаш ќе остане еден од топ 3 работи кои може да ги подарите

#4 Персонализиран подарок: рачно изработен, уникатен

Преку овој подарок навистина можете да ја пренесете вашата порака. Плус е персонализиран и уникатен направен само за оној за кого е наменет.

#5 Home sweet home или “За по дома”: декорации, додадоци, корисни работи за по дома

Со оглед на тоа што скоро една година поголемиот дел од времето го поминуваме дома, работи кои ви се потребни за низ дома, подароци за домот и корисници додадоци се супер идеја за подарок.

Ако не се пронајде тука, разгледај ги различните услуги кои можеби ќе ти се допаднат за подарок и подари искуство. Во Grouper Shopping Mall има над 8000 производи спремни за подарок.

#Бонус од Grouper – Grouper Gift Card

И последна супер опција за подарок, доколку сакаш да подариш избор, подари Grouper Gift Card со вредност по избор и дозволи таа сама да си одбере што и треба и што и се допаѓа. Имаш две опции: електронска или физички испечатена Gift картичка, изборот и сумата на картичката се твои. Картичката може да се користи за било што на Grouper без временско ограничување.

Што и да одбереш, запомни дека вниманието е најважно. Покажи љубов сега, утре, за празниците, секој ден.

Среќни Празници,

Grouper Santa

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор