Веќе 3 дена се грижиме да сте најадени и задоволни со најголемата гурманска акција за храна во градот #СкопјеГурман, со 100+ вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Идејата на кампањата е Скопје да го претвориме во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Храна за сите!“
Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! Заедно со вас и со Mastercard се надеваме дека ќе ја постигнеме целта на кампањата, а тоа е сите се бидат сити овој месец.
За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно, во Банка за Храна. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2.
Вкупната сума ќе биде донирана во Банка за Храна – хуманитарна организација која се залага за придонес во борбата против недостиг на храна во Македонија. Ја одбравме оваа организација токму поради тоа што претставува линк што ги поврзува компаниите, производителите на храна и волонтерите, со социјално загрозените смемејства, народните кујни, центрите за деца и сите оние на кои што им е потребно. Банка за храна секојдневно собира, складира, ја дистрибуира донираната храна и се залага да има храна за сите.
Хуманоста која всушност и треба да е дел од сите нас, секогаш била дел од мисијата и визијата на Grouper! Готвевме за бездомните лица заедно со #РетвитниОброк, минатата година ја завршивме со подароци и насмевки на дечињата од онкологија и неврохирургија, и во меѓувреме помогнавме преку многу интерни иницијативи за собирање на храна, облека и најразлични акции кои не сме ги објавиле јавно и продолжуваме и во иднина со исто или појако темпо!
Секоја шанса ја користиме да обезбедиме акција која ќе помогне без разлика на која група и тоа го правивме од сé срце, со помош на целиот наш тим!
Да се обединиме и да помогнеме во целта „храна за сите” и да направиме навистина да врне храна овој месец!
Имајте прекрасна Недела на храна, вие прекрасни луѓе
❤︎
Ве сака,
тимот на Grouper