Започна Скопје Гурман – најголемата гурманска акција за храна во градот, со голем број вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Tоа значи дека започна најгурманскиот период во годината кога Скопје се претвора во најгурманското место со вашите омилени специјалитети на попуст. А, уште подобро е што со секоја купена зделка, заедно со Mastercard вие донирате за да има „Храна за сите”!
Значи, оваа година, повторно, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! Заедно со вас и со Mastercard се надеваме дека ќе ја постигнеме целта на кампањата, а тоа е сите се бидат сити овој месец.
За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2.
Вкупната сума ќе биде донирана во организацијата која ќе ја одбереме заеднички. Праќајте ни ги вашите предлози на [email protected], или во inbox на нашата Facebook страна.
Хуманоста која всушност и треба да е дел од сите нас, секогаш била дел од мисијата и визијата на Grouper! Готвевме за бездомните лица заедно со #РетвитниОброк, минатата година дониравме во “Банка за храна”, претходната ја завршивме со подароци и насмевки на дечињата од онкологија и неврохирургија, и во меѓувреме помогнавме преку многу интерни иницијативи за собирање на храна, облека и најразлични акции кои не сме ги објавиле јавно и продолжуваме и во иднина со исто или појако темпо!
Секоја шанса ја користиме да обезбедиме акција која ќе помогне без разлика на која група и тоа го правивме од сé срце, со помош на целиот наш тим!
Да се обединиме и сите заедно да помогнеме да се оствари целта „Храна за сите”.
❤︎
Ве сака тимот на Grouper