#IceBucketChallenge Completed!

#IceBucketChallenge стана вирален феномен во кој учество зема целиот свет, од најпознатите холивудски ѕвезди до сите останати. Предизвикот е да истурите ладна вода со мраз на себеси и да предизвикате други луѓе кои истото треба да го направат. Од повиканите кои нема да го направат предизвикот се бара да донираат средства кои ќе се користат за истражувачки цели и помош на лицата болни од Amyotrophic lateral sclerosis (#ALS).

Идејата да се започне со ова е на #ALS Association – непрофитна организација која има за цел да им помогне на луѓето со болеста #ALS,  а целта е да се зголеми свеста на луѓето за болеста која постои и може да предизвика целосна парализа на човекот.

На кратко: смрзнувачко искуство, топли душа кога го гледаш, може и да собере по некој денар за најважната цел #ALS (досега се собрани $41.8 милиони). Бидејќи Бил Гејтс, Шакира и Пике, Роналдо, Марк Цукерберг, Џенифер Лопез, Џастин Бибер, Ештон Качер се дел од ѕвездите кои се одговорија на предизвиков, Групко не изостанува – си зема кофа, ја наполни со мраз и вода, со помош на бандера и напредна физика го проектираше механизмот на истурање на кофата и… останатото можете да го видите на видеото.

Следни предизвикани: Фичо од Мои Рецепти , Никола од IM.mk, и Сашко Коцев. Го чекаме нивниот одговор во рок од 24 часа! 🙂

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор