Искуството на новодојденец во Grouper тимот

Здраво дечки, јас сум Нена, најновиот член во тимот. Баш затоа што сум нова сите работи кои се случуваа периодов во Grouper ги искусив за прв пат.  А, зошто sharing is caring ќе се потрудам и во иднина повеќето случки да ги преточувам во пишани зборови (приказни) тука на овој блог, како би доловила дел од груперската атмосфера за оние кои сакаат да знаат повеќе.

А и мора да признаеме дека е интересно кога после 5 или 10 години се присетуваме на случки од минатото. Така мислам дека после години години ќе се сеќаваме на роденденскиот квиз кој го креираа Цуре и Лина кои слават роденден во исти ден со Grouper.

Јас како нов член научив многу работи за Grouper и луѓето преку квизот. Така дознав дека на Драгана првиот работен ден и бил 1ви април, па требало да дојде на работа маскирана. А, пак, поттикот за Grouper да се развие во успешен бизнис е благодарение на победата на Нина на изборот за најдобар бизнис план, кога имала само 21 година. Најмногу бодови на квизот носеше прашањето „Која е првата ever зделка на Grouper“, а исто така имаше и предизвици како „Да ja испееш цела На Black Friday сум се заљубил“.

Eеее дечки, позади овие квизови и прашања се вашите Груперци кои покрај шегите, смеата и тимските дружби напорно работат за вие да го добиете најдоброто. Сите ние непрестано работиме на себе, учиме како да напредуваме и како да станеме најдобри во она што го правиме.

Grouper Team

Баш затоа и првата приказна која сакав да ја споделам со вас и воедно првата поука која јас ја научив е дека постојаното учење е најважно за успехот. Моето искуство покажува дека не мора да се откажеме од се и само да учиме. Учењето треба да биде забавно, треба да ни биде љубов, пасија, трeба да почнеме да сакаме да учиме затоа што кога учиме вложуваме во себе и одиме кон успехот.

Кога се приклучив во тимот се осеќав како и секој почетник, можам да кажам „не знаев кај ми е главата“, ама гледајќи околу мене секој ден луѓе жедни за напредок ми беше дополнителен мотив да се вклопам, да се адаптирам најбрзо што можам и да почнам и јас да напредувам. И што е најдобро во целата приказна… напредувам со поддршката што ми ја дава целиот тим.

Сите од тимот имавме прилика да ги посетиме pop-up курсевите во Brainster, некои од нас беа за да научат нови вештини во работата, а некои, пак, да научат нешто и надвор од работата. Имаше многу интересни теми на курсевите, техники за продажба, техники за подобрување на дигиталната способност и други.

Eлена од web администрација и корисничка поддршка заедно со Вики, која што ја гледате на сите наши видеа, го посетија pop-up курсот за вовед во HTML & CSS, или како што Вики до тогаш го викаше: свет на точки и запирки.

Драгана, нашиот team lead на маркетинг кампањи, беше на курсот за 5 Growth Marketing техники и совлада нови tips & tricks кои веќе ги аплицираше на нашите кампањи, а секако вие ќе ги пробате 🙂

Искрено ги препорачувам курсевите на сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за својата струка, а и нешто плус од она што го прават или поедноставно, како што Стефан вика: одлично искористено попладне!

Сите знаеме дека прво нешто што правиме кога ќе се родиме е учењето, почнуваме да ги впиваме информациите околу себе и да се градиме како личности, па потоа продолжуваме да учиме и да учиме и да учиме….

И иако е процес, иако, како што викаат „човек цел живот учи“, во овие неколку месеци како дел од тимот на Grouper, научив дека најуспешни се оние што учат брзо и затоа мислам дека прво нешто што треба да го научиме е како брзо да учиме.

Затоа и прва е баш оваа приказна, а следната не ви ја откривам сега, само ќе ви кажам дека е поврзано со Вики, која сигурна сум дека добро ја познавате од нашите Instagram сториња.

Stay tuned….

„Приказна no.1 од Grouper дневникот на Нена“

PS: првата зделка на Grouper е топло чоколадо 🙂

Нена Синадиновска

Нена Синадиновска

Маркетинг и продажба