Истражи по дома, истражи ја Дестинација Македонија 2023!

Водејќи се според една стара и добропозната македонска изрека “Кај и да си, за X повод дома да си”, те советуваме месеците септември и октомври да ги планираш за патување и истражување на убавините и вкусот на твојата дома – Македонија.

Зошто? Затоа што на ниту едно место во светот не е како дома, а знаејќи го овој факт, дефинитивно еден од начините за најдобро доживување на природните убавини, бројните знаменитости и енергијата која ја генерира нашата држава е шетање, искусување и доживување на сето она што го нуди нашата омилена Дестинација Македонија.

Поттикнати и инспирирани од горните факти, емоции и сеќавања, овој септември повторно ќе се потсетиме на чувството на припадност преку најголемата патувачка кампања која искрено некако најмногу ни лежи на срце на сите – Дестинација Македонија (разгледај ги понудите тука)

9та година по ред специјално за тебе креираме интерактивен и корисен водич од 80+ зделки со уште послатки (читај: пониски) цени од вообичаено за патувања низ Македонија – ајде да го видиме, прошетаме и искусиме нашиот единствен дом!


За да не луташ со барање на информации за кампањата, во прилог следува сé што треба да знаеш за најголемата патувачка кампања за хотели и сместувања низ цела Македонија:


*Позитивни аспекти од вклучување на Вашиот бизнис во Дестинација Македонија

  • Масовна промоција на сместувачки капацитет со база од 300.000+ посетители.
  • Персонализирана кампања за вашиот бренд од искусен маркетинг тим и
  • Комплетен брендинг и промоција на нашите социјални медиуми

Стапи во контакт со нашиот тим преку попoлнување на следната ФОРМА.


Од најпродавани хотели и уникатни традиционални вили, преку авантури на вода (базенирање, нуркање), копно (јавање коњи, вело тура) и горе на небото, до истражување на природните убавини на нашата држава сместени во најдобрите сместувачки капацитети, Дестинација Македонија ти нуди сѐ на едно место, без пардон!

Од север до југ, од исток до запад, сега е совршен период да отидеш на едно прекрасно патување низ Македонија каква што не ја познаваш!