Минатата недела, во средата (среќен ден), 24ти Август достигнавме ПОЛОВИНА МИЛИОН продадени купони!
По тој повод, го лоциравме купувачот на 500.000-иот купон и решивме да го пречекаме со изненадување во нашите канцеларии. За меракот при подготовка на подарокот биде уште поголем, ни се наполни душата кога видовме дека среќниот купувач е со нас од самите почетоци т.е. од 2011 година и до сега има купено 131 купон преку 55 зделки… и тоа од храна, здравје, убавина до роденденски прослави, најразлични производи за себе и за домот и патувања.
Со многу љубов подготвивме персонализиран Grouper book со 5 различни искуства: храна, релакс, убавина, здравје и патување за целосно Grouper искуство какво што заслужува. И не само тоа, туку го спремивме и Групко за дружба и свечен пречек на Марија Јованоска, која ни најави дека ќе не израдува заедно со нејзините 2 мали прекрасни дечиња.
Си направивме муабет со Марија за нејзиното Grouper искуство и уживавме во веселата атмосферата за која се најзаслужни Ива и Марко (златни деца во секој поглед) и секако магаренцето кое не престана да пее 🙂 Погледнете повеќе на видеото ⤵
Марија е дел од Grouper заедницата од самиот старт. Редовно не следела и секогаш била задоволна од нашите услуги и понуди. Сo Grouper има откриено многу нови места (компании) кои продолжила редовно да ги посетува. Корисник е на Grouper мобилната апликација за Android, преку која има купено речиси половина од купоните и ни раскажа за комодитетот и леснотијата во купување која истата и ги овозможува. Кога ја прашавме “Кога проверуваш на Grouper?” се насмеа и ни кажа дека ја инспирирале рекламите од кампањата “Прво провери на Grouper” 🙂 Инаку прво проверува на Grouper кога ќе и притреба било што!
Се надеваме дека ви пренесовме дел од позитивната енергија која ние ја апсорбиравме. Животот е убав, радувајте се на малите нешта и не заборавајте колку е убаво чуството кога ќе приредите некому изненадување и ќе изнудите чиста искрена насмевка.
Поздрав до Марија и нејзините 2 мали херојчиња Ива и Марко, кои ги чекаме наскоро на Grouper кога ќе научат како со еден клик сами да си купат музички магаренца :))
Со љубов,
Вашиот Grouper
xoxoxo